Косовската „Вива фреш“, преку новотворена фирма во Албанија – СМА ХОЛДИНГ Ш.П.К., ја купува скопската „Студио модерна“ која, пак, е дел од интернационална групација и е позната по продажбата на брендирани производи како што се „Топ Шоп“, „Дормео“, „Делимано“, „Волкмакс“ и „Велнео“. Комисијата за заштита на конкуренција која е известена за намерата за купување поради концентрација објасни: „СМА ХОЛДИНГ Ш.П.К. Албанија е дел од групацијата во која, преку друштво основано од страна на нејзиниот основач во Република Косово, е присутна во Република Северна Македонија преку друштвата: ВИВА ФРЕШ СТОРЕ ДООЕЛ Скопје и Кит ГО…