Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ќе се затвори најголемата термоелектрана со јаглен во Европа

14 јун. 2021 г.·2 мин читање·1691 прегледи

Следете не на Viber

Полската енергетска компанија која е најголем производител на електрична енергија во Полска, објави дека планира да ја затвори централата со јаглен “Белчатов”, која претставува најголем комплекс на електрани во Европа.

Според податоците на Полското Министерство за финансии, одредени делови на термоелектраната, чија изградба е започна во 1981 година, треба да бидат исклучувани по фази и тоа од 2030 до 2036 година.

Полската енергетска групација исто така објави дека постепено ќе ја прекине експлоатацијата на лигнит во рудниците во Белчатов и Черцев. Овој процес исто така ќе се одвива во фази и планирано е да заврши до 2026 година, односно до 2038 година.

Термоелектраната Белчатов се наоѓа на околу десетина километри од истоимениот град, во центарот на Полска, јужно од Лоѓа. Рударско-енергетскиот комплекс Белчатов, исто така е најголемата термоцентрала со лигнит во светот, има 13 блока со вкупен капацитет од 5.420 мегавати.

Електраната троши околу 45 милиони тони јаглен годишно, што ја прави најголем единствен емитер на јаглерод диоксид во Европа.

Менаџментот на Полската енергетска групација во соопштението рече дека е свесен за социјалните и економските последици од одлуката за затворање на термоелектраната, но дека ќе се потпира на „плановите за праведна транзиција“ и поради тоа очекува финансиска поддршка од ЕУ за напуштањето на јагленот како енергетски извор и преквалификација на вработените.

Европската унија формираше „Фонд за праведна транзиција“ за 17,5 милијарди евра со која треба да им помогне на земјите и регионите на Унијата по преминот од фосилни горива во т.н зелена економија.

Клучни зборови

  • Електрана
  • јаглен
  • термоелектрана
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk