Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ќе се воведува интелигентен транспортен систем на Коридорот 10 – потпишан Договор за грант со Светска банка

29 дек. 2025 г.·3 мин читање·1713 прегледи

Следете не на Viber

Македонија обезбеди грант од 13,56 милиони евра – дополнителни средства во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Договорот за грант помеѓу РС Македонија и Светска банка, која дејствува како водечка финансиска институција за Инвестициската рамка за Западен Балкан – Програма за безбеден и одржлив транспорт, го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорката на Светска банка за РС Македонија Карол Межеван.

„Денеска потпишуваме договор за грант, а со овие средства се унапредува транспортната ефикасност и предвидливост на Коридорот 10. Ова е една од компонентите од Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан чија крајна цел е зголемена ефикасност на транспортот во РС Македонија и во регионот. Тоа е особено важно во унапредувањето на патната инфраструктура, што како Влада ни претставува значаен приоритет, а самиот Проект ќе овозможи олеснување на трговијата и намалување на трошоците на економските субјекти”, рече министерката и потенцираше дека Владата работи на полето на подобрување на економските услови во целина, а сѐ со цел постигнување позабрзан економски раст.

„Инвестирањето во модерна патна инфраструктура и транзитни коридори е од витално значење за растот на Северна Македонија, поточно за зајакнување на вредносните синџири, отворање пазари, намалување на трошоците за бизнис и привлекување странски инвестиции. Овие подобрувања ќе ѝ помогнат на земјата и во создавањето работни места и во градењето конкурентна, отпорна економија. Оваа иницијатива е клучна за реформите за пристапување на земјата во ЕУ и е во согласност со законодавството на ЕУ и Стратегијата за одржлива и паметна мобилност на Западен Балкан”, рече Карол Межеван.

Имено, средствата се наменети за воведување интелигентен транспортен систем (ITS) на Коридорот 10, од граничниот премин Табановце до јужната клучка Велес, што вклучува и поддршка за воспоставување и опремување на национален центар за управување со сообраќајот со потребните ITS системски решенија за Коридорот 8 и Коридорот 10, вклучително и за кракот 10д. Поконкретно, ќе бидат воспоставени систем за собирање податоци за протокот на сообраќај; систем за следење на тежината во движење (WIM); елементи за контрола на висината на возилата што пристапуваат до автопат; систем за собирање податоци за временските услови долж трасата на автопатот и систем за следење на транспортот на опасни материи (HAZMAT).

Активностите се реализираат во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, чија вкупна вредност е 26,2 милиона евра. Проценетата инвестициска вредност на оваа компонента е 29,9 милиони евра од кои 13,56 милиони евра се грант за кои е потпишан Договорот и 16,4 милиони евра се дел од заемот од Светска банка. Проектот го имплементира Министерството за транспорт.

Клучни зборови

  • Гордана Димитриеска-Кочоска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk