Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Кина за една година додаде уште 100 тони резерви на злато

8 окт. 2019 г.·2 мин читање·470 прегледи

Следете не на Viber

Кина ги зголеми златните резерви за повеќе од 100 тони откако во декември минатата година ги обнови набавките на тој скапоцен метал, пишува њујоршката агенција Bloomberg.


Народна банка на Кина (People’s Bank of China)

Народната банка на Кина и минатиот месец купи поголеми количини на злато, со што се зголемија резервите на злато на 62,64 милиони унци во септември од 62,45 милиони во август, покажуваат податоците објавени на официјалната страна на банката.

Ако се гледа во тони, последниот прилив е еднаков на количината од 5,9 тони, кој уследи по зголемувањето на резервите за 99,8 тони во текот на претходните осум месеци.

Цената на златото во септември го достигна највисокото ниво во повеќе од шест години, бидејќи побавниот економски раст, трговските војни на САД и намалените каматни стапки ја поттикнаа побарувачката на инвеститорите.

Зголемено купување злато на централните банки, исто така, даде поттик за цените, бидејќи централните банки на Кина и Русија „акумулираа“ значителни количини на злато во обид да ги диверзифицираат своите резерви, соопшти њујоршката агенција.

Цената на златото на самото место на пазарот денес порасна за 0,2% на 1.510,27 долари за унца, а од почетокот на годината се зголеми за 18 проценти.

Банките Goldman Sachs и BNP Paribas очекуваат цената на тој скапоцен метал да достигне дури 1.600 долари за унца во наредните месеци.

Поврзани вести: „Централните банки во потрага по злато – највисок скок на цената на златото по 2013 година“ од 27.8.2019

Клучни зборови

  • злато
  • Народна банка на Кина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk