Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Кина ќе го заземе првото место на листата на светски економии до 2028 година

5 јан. 2021 г.·2 мин читање·2987 прегледи

Следете не на Viber

Кина ќе го заземе првото место од САД на листата на најголеми економии во светот до 2028 година, велат од Центарот за економски и деловни истражувања. Ова значи дека азиската економија може да стане најдоминантната економска моќ пет години порано отколку што се предвидуваше пред пандемијата.

Тие додаваат дека заслугата за нејзиното качување по оваа скала може да биде коронавирусот. Кина имаше добро управување со кризи и нејзината економија не беше толку ослабена од пандемијата, колку западните економии. Уште повеќе, најголемата азиска економија бележи значителен раст, додека повеќето од западните земји годинава ќе бидат во опаѓање.

Затоа Центарот предвидува дека кинеската економија во 2028 година ќе вреди повеќе во долари отколку американската, што е за половина деценија порано отколку што истата организација предвидуваше минатата година.

Се очекува да расте годишно помеѓу 2021 и 2025 година со просечна стапка од 5,7 проценти, а од 2026 до 2030 година со стапка од 4,5 проценти. За разлика од Кина, САД треба да имаат раст од 1,9 проценти помеѓу 2022 и 2024 година, што потоа може да падне на 1,6 проценти.

Клучни зборови

  • Америка
  • економија
  • Кина
  • центар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk