Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Кина е подготвена да го продолжи периодот на отплата на заемот за автопатот

31 мај 2021 г.·2 мин читање·276 прегледи

Следете не на Viber

Кина е подготвена за разговор со Црна Гора за продолжување на периодот на отплата на заемот од 809 милиони евра, кој и беше даден од страна на една кинеска банка наменет за изградба на автопатот, стои во објавата на кабинетот на претседателот Мила Јукановиќ.

Претседателите на Кина и Црна Гора, Кси Џинпинг и Мило Џукановиќ разговараа телефонски по повод 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу земјите.

Тема на разговор беше и заемот што Црна Гора го доби од кинеската Ексим банка во 2014 година за изградба на првата од трите делници на автопатот што води од Бар до границата со Србија, со годишна каматна стапка од 2 проценти и шестгодишниот грејс период кој истекува оваа година. Првата рата од 33 милиони евра ќе биде отплатена во јули.

Првата делница од автопатот ја гради кинеската компанија CRBC (China Road and Bridge Corporation), која требаше да ги заврши работите во 2019 година, но рокот беше продолжен до ноември 2021 година.

На крајот на април, вицепремиерот Дритан Абазовиќ побара помош од ЕУ, и напомена дека ќе помогне да се намали влијанието на Кина во земјата.

Сепак, во средината на април, Европската комисија јасно стави до знаење дека „ЕУ не ги отплаќа долговите на трети лица“.

Од кабинетот на Џукановиќ соопштија дека Кси Џинпинг навел дека кинеските власти придаваат големо значење на реализацијата на проектот за автопатот и подготвени се да разговараат за продолжување на периодот на отплата на заемот до крајот на 2022 година.

Изградбата на автопатот не е само проект на векот за Црна Гора , тука спаѓа и пилот проектот за иницијатива „Појас и пат“ и механизмот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа 17 + 1 “, се вели во соопштението на Кси Џинпинг. Црна Гора учествува во таа иницијатива уште од нејзиното основање.

Џукановиќ му рече на кинескиот претседател дека автопатот е „највреден инфраструктурен проект во историјата на Црна Гора“ и дека изградбата на првата делница се очекува до крајот на ноември.

Кина држи приближно една четвртина од вкупниот долг на Црна Гора, кој лани надмина 100 проценти од БДП.

Клучни зборови

  • автопат
  • кинеска банка
  • црна гора
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk