Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

Кичевски „Жито Караорман“ го смени сопственикот и запиша загуба

5 авг. 2023 г.·3 мин читање·4968 прегледи

Следете не на Viber

Загуба од 19.573 илјади денари или 318 илјади евра го одбележа полугодишното работење на кичевски „Жито Караорман“. За разлика од сегашната состојба, мелничко пекарската индустрија лани во истиот период била во позитива од 2.506 илјади денари, односно околу 41 илјада евра.

Од продажбата на сопствените производи, во шестте месеци се остварени вкупни приходи во износ од 47.693 илјади денари (774 илјади евра). Тоа, пак, означува зголемување од 49,08 проценти во однос на споредбениот период.

Сепак, превагнува расходната страна со зголемување на трошоците за високи 228,14 насто, при што достигнале ниво од 67.266 илјади денари (речиси 1,1 милион евра). Од „Жито Караорман“ растот на расходите го образложуваат со причинско-последичната врска – се уште високи цени на енергијата потребна во процесот на работа, поради што се уште е намалена функцијата на мелницата за производство на видовите брашно.

Оттаму, дивидентата оди за покривање на загубите.

Во делот на инвестициите, од компанијата наведуваат дека во првото годинешно полугодие е извршена комплетна реконструкција на ферментационата комора во износ од 25 илјади евра, па во наредниот период се очекува зголемување на квалитетот на финалните производи и заштеда на енергија во работниот процес.

Оттаму, очекувањата се дека во наредните месеци ќе се евидентира зголемување на приходите, а за тоа се исполнети и предусловите – набавени се поголеми количини пченица и мелницата ќе работи со зголемен капацитет.

„Жито Караорман“ АД Кичево е во групата водечките фирми во мелничко пекарската индустрија, опремена со современи машини за производство на брашно, леб и бели печива. Според расположливите податоци, со години наназад бележи ниски добивки. Конкретно, во изминатата петолетка највисоката добивка од 7,7 илјади евра била остварена во 2018 година, а лани тој износ бил 6,5 илјади евра.

За сегашниот минус, пак, можеби освен високите цени на енергетскиот пазар влијаеле и промените кои и се случија на кичевската мелничко пекарска индустрија. Минатиот месец преку берзанска трансакција акционерот Селаудин Арифи купи 5.600 обични акции или 50,67 отсто од акциите со право на глас. Во тој момент, во негова сопственост беа 8.199 обични акции, односно 74,19 отсто од вкупниот број издадени акции. По што веднаш уследи и намерата за преземање. Така, фирмата со 50 вработени сега е во владение на Селаудин Арифи, сват на Али Ахмети, сопственик на повеќе фирми со различни дејности – трговија, увоз-извоз, градежништво… со кои најчесто ги добива тендерите од Општина Кичево.

ЧИТАЈТЕ И: Селаудин Арифи – купец на „Жито Караорман“, трговец, градежник, акционер, донатор на ДУИ, сват на Ахмети…

Селаудин Арифи – купец на „Жито Караорман“, трговец, градежник, акционер, донатор на ДУИ, сват на Ахмети…

Клучни зборови

  • Жито Караорман
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk