Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

КИБС целосно подготвен за воведувањето инстант плаќања во Македонија согласно новата регулатива на ЕУ

29 јан. 2025 г.·3 мин читање·2819 прегледи

Следете не на Viber

На 9 јануари 2025 година влезе во сила новата регулатива на ЕУ (https://eur-lex.europa.eu/legal-content/EN/TXT/PDF/?uri=OJ:L_202400886) што се однесува на инстант плаќањата и преку која банките и давателите на платежни услуги во земјите од ЕУ и ЕЕА се обврзани да примаат инстант плаќања во евра, а од октомври годинава треба да бидат во можност и да иницираат ваков тип плаќања. Регулативата, исто така, ги усогласува правилата и стандардите за овие плаќања обезбедувајќи интероперабилност и безбедност меѓу различните шеми и системи за плаќање.

Регулативата е исклучително значајна имајќи ги предвид многубројните придобивки на инстант плаќањата, како што се зголемена удобност и брзина за корисниците, намалени провизии, зголемена конкуренција и иновација на пазарот за плаќања, како и подобрено задоволство и лојалност на клиентите.

„КИБС, како единствен лиценциран оператор на платен систем во земјата, кој во изминативе 23 години беспрекорно врши процесирање на мали меѓубанкарски плаќања, континуирано ги следи новините и светските практики во доменот на плаќања. Согласно тоа, во последните неколку години посветено работеше и успешно го постави системот за инстант плаќања. Преку новата регулатива на ЕУ, банките и давателите на платежни услуги во земјите од ЕУ и ЕЕА се обврзани да примаат инстант плаќања во евра, а од октомври годинава треба да бидат во можност и да иницираат ваков тип плаќања. И покрај тоа што предметната регулатива сè уште не е транспонирана во домашното законодавство, КИБС е подготвен и веќе ја постави централната платформа за домашни инстант кредитни трансфери, а со тоа се создадени услови преку кои Република Македонија ќе биде целосно усогласена со предметната регулатива на ЕУ“, информираат од Дирекцијата за платни системи и поврзани услуги на КИБС АД Скопје.

Системот е целосно усогласен со правилата на шемата СЕПА за инстант плаќања и со европската регулатива, со можност за поврзување со СЕПА за прекугранични трансакции, а за граѓаните, бизнис-заедницата и државата, овој тип плаќања носат многубројни придобивки.

 Првите банки веќе ја започнаа интеграцијата со системот за инстант плаќања, кој ќе биде поставен во продукција по добивањето соодветна лиценца од НБРМ.

Реализацијата на инстант трансферите е 24/7, 365 дена во годината и за време пократко од 10 секунди, без оглед на тоа дали сметката на плаќачот и примачот е во иста или во различна банка, односно платежна институција. Ова претставува уникатна предност во однос на другите типови платежни трансфери во земјата. Понатаму, бизнисите, особено малите и средни претпријатија, преку користењето ваков тип трансфери имаат можност да ја подобрат својата ликвидносна позиција преку наплата без одложување и да ја намалат потребата од краткорочни ликвидносни позајмици. Исто така, инстант плаќањата отвораат можности за поефикасна наплата на фактури, сметки, како и обврски кон државата.

Придобивките, достапноста и едноставноста при извршувањето на инстант плаќањата овозможуваат вклучување нови учесници во финансиските текови, а со тоа и намалување на готовината во оптек, како и намалување на трансакциските трошоци поврзани со неа.

КИБС и натаму ќе работи посветено со цел да биде водечка компанија за испорака на услуги од меѓубанкарски интерес, како и услуги за потребите на државата и бизнис-заедницата. И покрај тоа што предметната регулатива на ЕУ сè уште не е транспонирана во домашното законодавство, КИБС е подготвен и веќе ја постави централната платформа за домашни инстант кредитни трансфери, а со тоа се создадени услови преку кои Република Македонија ќе биде целосно усогласена со неа.

ПР Објава

Клучни зборови

  • КИБС
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk