Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

КХВ ГИ ДОДЕЛИ ГОДИШНИТЕ НАГРАДИ ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ ЗА 2026 ГОДИНА

4 јун. 2026 г.·3 мин читање·1325 прегледи

Следете не на Viber

Комисијата за хартии од вредност денеска ги додели Годишните награди за млади истражувачи за 2026 година, кои се доделуваат по седми пат во рамки на Kонкурсот за најдобри научноистражувачки трудови од областа на пазарот на капитал.

Добитник на првата награда е авторот Горан Христовски за трудот со наслов „Динамична поврзаност на источноевропските пазари на капитал: пристап на проширена заедничка поврзаност“. Трудот се фокусира на меѓусебните врски и динамиката на пазарите во Источна Европа, при што нуди современ аналитички пристап за подобро разбирање на преносот на движењата и ризиците меѓу регионалните пазари.

Втората награда ѝ е доделена на Флорента Јонузи за трудот „Динамика на волатилноста и макроекономски детерминанти на поврати на пазарот на акции“. Истражувањето се фокусира на влијанието на макроекономските фактори врз движењата на приносите и волатилноста на пазарот на акции, обезбедувајќи значајни согледувања за пазарното однесување и инвестициските трендови.

На авторот на прворангираниот труд му е доделена парична награда во нето-износ од 90.000 денари, додека на второрангираниот труд парична награда во нето-износ од 50.000 денари.

По повод доделувањето на наградите се одржа средба со наградените автори, на која присуствуваа Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази и Претседателката на Одборот за оценување и избор на трудовите Проф.д-р Мерале Фетахи Вехапи.

Првонаградениот Горан Христовски во оваа прилика изјави: Оваа иницијатива на Комисијата за хартии од вредност е од големо значење и не охрабрува нас, младите истражувачи да анализираме и да стигнеме до одредени показатели кои ја подигнуваат свеста за инвестирање и не поттикнуваат во иднина да вложуваме на пазарот на хартии од вредност,,.

„Комисијата за хартии од вредност континуирано вложува во развојот на знаењата и финансиската култура кај младите. Особено нѐ радува што секоја година гледаме квалитетни трудови кои обработуваат актуелни теми од областа на пазарот на капитал. Верувам дека токму младите истражувачи, со своите идеи, аналитички пристап и научна љубопитност, можат да дадат значаен придонес во развојот на финансискиот сектор и во јакнењето на довербата во пазарот на капитал“, истакна претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази.

Годишната награда за млади истражувачи е дел од заложбите на Комисијата за поттикнување на научноистражувачката работа, развојот на финансиската писменост и зајакнувањето на врските меѓу регулаторот и академската заедница. Од воспоставувањето на Конкурсот во 2018 година, Комисијата континуирано ги поддржува младите истражувачи и нивните идеи, препознавајќи го нивниот придонес во унапредувањето на знаењата за пазарот на капитал.

Преку оваа иницијатива, Комисијата ја потврдува својата посветеност на создавање поттикнувачка средина за млади таленти и афирмација на научните истражувања кои придонесуваат за развојот на финансискиот систем и инвестициската култура во Република Северна Македонија.

Клучни зборови

  • годишни награди за млади истражувачи за 2026 година
  • КХВ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk