Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

КХВ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО АЛТА БАНКА да ја превземе Стопанска банка АД Битола

Ј.Д.·16 окт. 2025 г.·3 мин читање

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 68-мата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ,  М-р Бујаре Абази донесе Решение, со кое на правното лице –  Finansiska agencija FINA од Република Хрватска се дава согласност да стекне квалификува­но учес­тво во Македонска берза АД Скопје, односно индиректно преку Zagrebacka burza d.d да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 30% од вкупно издадените акции со пра­во на глас од Македонска берза АД Скопје.

FINA, чиј единствен основач и содружник е државата Република Хрватска веќе има добиено согласност од  хрватскиот регулатор ХАНФА да се стекне со директно квалификувано учество во Zagrebacka burza d.d. Доколку понудата за преземање биде успешна FINA може директно да стекне 50% +1 акција во Zagrebacka burza d.d. а со тоа и индиректен удел од 14,99% во Македонска берза АД Скопје. Ако FINA стигне до максимален удел од 100% во Zagrebacka burza d.d., со тоа индиректниот удел во Македонска берза АД Скопје ќе биде до 29,98%.

На седницата што се одржа денеска на 16 октомври, 2025 година Комисијата за хартии од вредност донесе Решение за утврдување на успешноста на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола, дадена од АЛТА БАНКА АД Белград. Врз основа на извршената понуда, АЛТА БАНКА АД Белград се стекна со вкупно 345.175 обични акции, што претставува учество од 88,2852% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска банка АД Битола.

Заедно со акциите што веќе ги поседува (19.439 обични акции) АЛТА БАНКА АД Белград има вкупно 364.614 обични акции, што претставува учество од 93,2571% од вкупниот број на издадени акции од Банката.

Комисијата донесе и Решение со кое на Капитал Банка АД Скопје и се дава одобрение  за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Со седмата емисија на акции Банката ќе издаде 5.628 обични акции со номинална вредност по акција од 177,71 евра и вкупен номинален износ од 1.000.151,88 евра. Продажната цена на акциите од седмата емисија е еднаква на номиналната, а вкупната продажна вредност на емисијата изнесува 1.000.151,88 евра во денарска противвредност.

Зголемувањето на основната главнина на Банката ќе се изврши со нови уплати од страна на постојниот мнозински акционер АЛФА ФИНАНС ХОЛДИНГ АД кој е акционерско друштво од Бугарија. Банката врши зголемување на основната главнина заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на адекватност на капиталот и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Законот за банките.

КХВ обнови две дозволи за работење на инвестициски советник и  една за работење со хартии од вредност, а издаде една лиценца за инвестициски агент.

Клучни зборови

  • Алта Банка АД Белград
  • Комисија за хартии од вредност
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk