Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЌЕ СЕ ЖЕНИ ТРЕТИОТ НАЈБОГАТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ: Џеф Безос за свршеничката одбра 20-каратен дијамант, свршувачката прославена со вино од 4.000 долари

31 мај 2023 г.·3 мин читање·2040 прегледи

Следете не на Viber

Сопственикот на Амазон и еден од најбогатите луѓе на светот, мултимилијардерот Џеф Безос (59) и неговата нова свршеница, американската новинарка Лорен Санчез (53), го прославија својот нов статус на врска со многу скапо и ретко вино за време на својот престој во јужна Франција минатата недела. Според доброинформирани извори, тие нарачале шише Dugat-Py Grand Cru кое чини 4.285 долари од Domaine Bernard во La Petit Maison во Кан, Франција, изјави извор за People Magazine.

Според магазинот, среќната двојка седела со сестрата на Безос, Кристина Безос Пур и нејзиниот сопруг Стив Пур на тераса на ресторан, покриена со винова лоза, со поглед на Медитеранот. Основачот на Амазон бил редовен но скромен клиент во ексклузивниот ресторан.

Огромниот 20-каратен свршенички прстен со дијамант на Санчез се проценува дека вреди најмалку 2,5 милиони долари.

Неодамна, парот поминал многу време заедно на новата суперјахта на Безос, Кору, која содржи скулптура направена налик на неговата вереница. Името на неговиот луксузен брод опишува симбол на Маори, кој претставува нови почетоци.

Откако излегоа во јавноста со нивната романса во 2019 година, парот предизвика голем интерес во јавноста. Откако почна да се појавува во јавност со Санчез, некогаш невпечатливиот Безос доживеа целосен естетски ремонт. Неговиот нов имиџ свесен изглед вклучува навежбано тело, потесна, постилска облека и јавно покажување на љубов кон партнерката насекаде каде што патуваат низ светот.

Некои ја опишаа преобразбата на магнатот како типична машка средовечна криза.

ДАЛИ ЏЕФ БЕЗОС ИМА СРЕДОВЕЧНА КРИЗА?

Откако се појавија во Кан за време на Канскиот фестивал, 59-годишниот магнат и новопечената свршеница Санчез уживаа на првото патување на неговата нова јахта Кору вредна 500 милиони долари. Свршувачката беше кулминација на романсата која започна во тајност, но излезе во јавноста во 2019 година, набргу откако Безос и Санчез објавија дека се разведуваат од нивните сопружници.

Двојката наводно имала осуммесечна афера додека сè уште била во брак со своите партнери пред да започнат нивните разводи. За Безос, тоа значеше крај на неговиот 25-годишен брак со Мекензи Скот, додека Санчез ги прекина работите со агентот за таленти Патрик Вајтсел по речиси 15-годишен брак.

Откако Безос, чие богатство изнесува 138 милијарди долари, ѝ предложи брак на Санчез, тој ја продолжи изградбата на неговата мега-замок вредна 175 милиони долари во Беверли Хилс, Калифорнија, на имотот кој претходно беше во сопственост на претседателот на Ворнер Брос, Џек Ворнер.

Некои медиуми „свршувачката на годината“ цинично ја коментираат: „Што ли само бендисала свршеницата кај Џеф Безос: Веројатно е во прашање неговата огромна филантропија“, вели еден од насловите во светските изданија.

Санчез, новинарка и пилот на хеликоптер, добитник на Еми, нема поплаки за нејзиниот иден сопруг, кој е еден од најбогатите луѓе во светот. Напротив, таа постојано во интервјуата го фали Безос, бликајќи од љубов:
 „Тој е толку среќен, ме инспирира секој ден, тој ме прави подобра личност секој ден; тој е најљубезниот човек што го познавам“.

Клучни зборови

  • Амазон
  • кански фестивал
  • мултимилијардер
  • Џеф Безос
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk