Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

,,ПАРИ” ДОЗНАВА: ЌЕ СЕ КРЕНЕ ЦЕНАТА И НА ПОЛОВНИТЕ АВТОМОБИЛИ – Во финансии се „крчка“ повисока акциза

7 окт. 2023 г.·2 мин читање·6057 прегледи

Следете не на Viber

Следува уште една даночна промена – увезените половни возила ќе добијат повисока акциза. Министерството за финансии работи на тоа, а веќе во вторник и Владата ќе го разгледува предлогот.

Претходно, во понеделник, министерот за финансии ќе има финални консултации со претставници од коморите.

„По сеопфатните дискусии за измена и дополнување на Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила и на износите потребни за пресметка на данокот на моторни возила со цел пропишување на корелација за пресметка на данокот согласно новата WLTP метода, а во рамки на проектот со Светската банка за унапредување на оданочувањето на моторните возила, Министерството за финансии во соработка со Царинската управа подготви предлог корелациона табела.

Истата е дополнета со нов предлог во кој се земени предвид сугестиите на дел од бизнис заедницата“, се наведува во дописот од Министерството.

Од коморите се бара предлозите да ги достават до членките – увозници на патнички моторни возила и да испратат по еден свој претставник на средбата во финансии, дознава Пари.

Инаку, новата WLTP метода е хармонизирана светска процедура за тестирање лесни возила, со цел да се утврди потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови, за која во светот постојат строги ограничувања.

A.K.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • акциза
  • данок
  • половни возила
  • увозници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk