Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ЌЕ ПУКНЕ ЛИ „ГРАДЕЖНИОТ БАЛОН“? Цените на становите ќе се намалуваат со изградба на државни комерцијални згради

10 фев. 2025 г.·3 мин читање·12356 прегледи

Следете не на Viber

Започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1.000 евра за квадратен метар. Станува збор за првиот чекор во намалување на високите цени на недвижностите во неколку градови. Целта на оваа иницијатива е да се интервенира на пазарот на недвижности и да се направат становите многу подостапни за народот.

Во јануари Владата на седница усвои одлука дека 65 стана ќе се продаваат по 1.000 евра за квадратен метар, 11 дуќани по 2.000 евра за квадратен метар и 71 паркинг место по 500 евра за квадрат.

Оттаму велат дека почетната цена е за 30-40 отсто пониска и дека на овој начин ќе се стави крај на уцените на градежниците кои го продаваат станбениот квадрат по цени кои не соодвејствуваат со стандардот на македонските граѓани. Битола е еден од градовите каде што има поголема побарувачка на станови и од денес се започува токму таму прдоажбата. Потоа во Скопје ќе се градат 4 комерцијални згради, а во Охрид и во Штип по една.

„Сегашните цени на ниеден начин не одговараат на нашиот стандард, младите брачни парови едноставно не можат да најдат сопствен дом, а по цена од 2.500-3.000 евра за квадрат никој не може да купи стан со овој стандард. Дополнително работиме на 5 социјални згради низ државата“, истакна министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.

Министерот ја потенцираше важноста на оваа иницијатива, нагласувајќи дека цените на становите се во несоодветност со животниот стандард на граѓаните.

Реакциите на граѓаните за продажбата на државните комерцијални станови се различни, но генерално има интерес и позитивни ставови, особено од младите и оние кои се на почетокот на својата кариера и не можат да си дозволат високите цени на пазарот на недвижности.

Некои од позитивните реакции вклучуваат: прифатливост на цените – граѓаните се задоволни што цените се пониски во однос на пазарните и се надеваат дека ова ќе им овозможи да купат стан по пристапна цена. Потоа поддршка за младите – иницијативата се гледа како добра можност за младите брачни парови или семејства да се стекнат со сопствено живеалиште без да се потпираат на високите трошоци на комерцијалниот пазар.

Сепак, постојат и некои критики, како што се недостиг на детали за процесот. Некои граѓани се жалат на недостатокот на конкретни информации за начинот на пријавување, критериуми и процедури за продажба. Потенцијален недостаток на понуда – постојат и оние кои се сомневаат дека понудените станови нема да бидат доволни за да ги задоволат потребите на сите заинтересирани, особено во поголемите градови како Скопје.

Но, општо, иницијативата ја добива поддршката на дел од јавноста поради помошта која може да ја обезбеди на оние кои се соочуваат со тешкотии при купувањето на недвижности.

Клучни зборови

  • македонија
  • недвижнини
  • станови
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk