Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ЌЕ НЕМА ЦЕНОВЕН ШОК ТВРДИ КОВАЧЕВСКИ: Луксузирањето ги зголемува сметките за струја, а не рационалната потрошувачка

11 дек. 2023 г.·2 мин читање·5582 прегледи

Следете не на Viber

Граѓаните кои струјата ја користат рационално за потребите во домаќинствата, не треба да стравуваат од можни ценовни шекови. Повисоки сметки можат да очекуваат тие кои не водат сметка и ја трошат електричната енергија за луксузни намени, тврди премиерот Димитар Ковачевски.

Сите што спаѓаат во првиот и во вториот тарифен блок, кои претставуваат над 90, па се до 98 проценти од домаќинствата, речиси и нема да почувствуваат промена, вели Ковачевски.

„Ќе нема никаква промена на цената како што и немаше, бидејќи ценовен шок не дозволивме за граѓаните“, нагласувајќи дека во третиот и во четвртиот блок се помал број домаќинства кои имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. А, во четвртиот се оние кои согласно приходите и можностите загреваат поголеми простории, базени…

„Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија бидејќи, да не заборавиме, ние ја субвенционираме до 90 проценти електричната енергија во државата за да немаме ценовен шок“, порача премиерот преку одговор на новинарско прашање по презентацијата на новата апаратура за генетика во МАНУ.

Што се однесува до неговиот став, дека со евтината дневна тарифа месечно можат да се заштедат до илјада денари, Ковачевски укажа дека тоа го покажува направената пресметка.

„Се пресметува врз основа на пресметка која го определува просечното трошење на електрична енергија во текот на 24 часа и врз основа на претпоставено зголемување на потрошувачката од 13 до 15 часот, со оглед на тоа што голем број домаќинства во државата имаат пензионери, но и лица кои се дома и имаат активности кои побаруваат поголема потрошувачка на енергија, како што е готвење, перење и така натаму, кои ги извршуваат во тие два часа. Такви искуства сме имале и во минатото“, образложи премиерот.

Инаку, зголемувањето на цената по први јануари е најавено од Регулаторната комисија за енергетика, но и претседателот Марко Бислимовски упати на тоа дека ќе се бараат решенија за да се амортизира ценовниот ударот врз граѓаните.

 

Клучни зборови

  • Димитар Ковачевски
  • потрошувачка
  • цена на струја
  • ценовен шок
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk