Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

ЌЕ ДОНЕСЕ ЛИ РЕД ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ? Стапува на сила по Нова година

30 дек. 2024 г.·3 мин читање·2712 прегледи

Следете не на Viber

Од 1 јануари стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите. Се очекува во наредниот период да поевтинат околу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто.

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците не смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Надлежен орган за контролира на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која може да поведе прекршочна постапка доколку се прекрши која било одредба од Законот. Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето, предвидени се казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.

Според Министерството за економија, највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторило правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец.

Според министерот за економија, Марјан Ристески, досега во мониторинг периодот утврдени се 26 нефер трговски практики.

-На подолг рок со овој Закон ќе имаме поголемо регулирање на цените на производите како краен ефект, односно во интерес на потрошувачите, купувачите и граѓаните, заштита на животниот стандард. Од друга страна оној хаос кој постоел претходно и форсирање на странски производи во однос на домашните производи, ќе имаме изедначување во однос и пред се на маркетите – истакна Ристески.

Според неодамнешните размислувања на економистите, пред да се примени Законот, треба да се види дали се високи маржите или, пак, набавната цена. Така, на пример, некој производ може има висока набавна цена, а маржата е само 10 отсто. Тие сметаат дека со примена на Законот, многу маркети ќе ги редуцираат производите што ги продаваат, особено оние што имаат повисока маржа и пократок рок на траење.

Претседателот на Собранието за Организација на работодавци на Македонија за порталот „Пари“ истакна дека голем недостаток на законот е контролата и надзорот кој е предвидено да ги прави Комисијата за заштита на конкуренција, која нема доволно капацитети да го контролира спроведувањето на еден ваков закон. Поголема надлежност врз спроведувањето на овој закон треба да има пазарниот инспекторат кој е секојдневно на терен и има подобар увид во состојбите.

Клучни зборови

  • граѓани
  • закон за нефер трговски практики
  • трговци
  • цени на производи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk