Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФондови

КБ Прво пензиско друштво прослави 15 години од постоењето

28 мај 2020 г.·2 мин читање·218 прегледи

Следете не на Viber

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје месецов прославува 15 години од постоењето, време во кое друштвото посветено и доследно ја врши својата важна улога во општеството, а тоа е да биде сигурен и стабилен дел од пензискиот систем и од заедницата.

„КБ Прво се гордее со постигнувањата на својот тим на професионалци кои сиот овој период ревносно ја исполнуваат својата мисија – грижа за просперитетна иднина за членовите, при тоа успешно справувајќи се со сите предизвици на домашниот и глобалниот финансиски пазар. 15 години сме посветени на  иднината на нашите членови. Поврзани до целта, делувавме одговорно во општеството, се грижиме за нашите членови и креираме вредност “ ,  изјави г-ѓа Весна Стојановска, Претседател на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Друштвото, основано од ПРВА Групација од Љубљана Словенија и Комерцијална Банка АД Скопје, управува со два фонда – КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд.

Изминативе 15 години, 261.524 членови го доверија менаџирањето на своите пензиски заштеди во задолжителниот, втор пензиски столб, на КБ Прво пензиско друштво и заклучно со 30.04.2020 нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје изнесуваа 40.224,13 милиони денари.

Напоредно, 14.649 граѓани се зачленија во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд-Скопје и висината на средствата во истиот заклучно со 30.04.2020, изнесува 1.001,95 милиони денари.

Континуираниот раст на приносите во двата фонда сведочи за тоа дека овие граѓани го направија вистинскиот избор избирајќи го КБ Прво.

„Нашата цел останува да продолжиме да бидеме вистинскиот избор за сите сегашни и идни членови на големото семејство на КБ Прво, создавајќи вредност и сигурност за пензиските денови“, порача г-дин Предраг Милошевски, Член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје.

Водејќи се по препораките на здравствените власти, овој значаен јубилеј друштвото го прослави во еден поинаков амбиент, но со непроменето чувство на заедништво и колегијален дух.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk, тел. 02 3224 229.

Клучни зборови

  • 15 години постоење
  • Весна Стојановска
  • КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје
  • Предраг Милошевски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk