Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФондови

КБ Прво пензиско друштво: За Стевкова Штериева нов мандат, Рок Папич влегува во НО

9 јул. 2025 г.·2 мин читање·2283 прегледи

Следете не на Viber

На главниот финансов директор на Комерцијална банка, Маја Стевкова-Штериева, и е доверен нов мандат како член на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво. Словенецот Рок Папич е нов независен член на ова тело на управување.

„Со Решение на Централниот регистар на РСМ од 07.07.2025 г. извршени се следните промени: упис на реизбор на Маја Стевкова-Штериева за член на надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со мандат од 07.07.2025 г. и упис на Рок Папич за нов независен член на надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со мандат од 07.07.2025 г.“, информираа од Друштвото преку Македонска берза.

Воедно, се посочува дека на шести јули завршил мандатот на дотогашниот независниот член на Надзорниот одбор, Миран Ковач, чие име е избришано од Централниот регистар.

КБ Прво пензиско друштво на пазарот успешно опстојува веќе две децении. Според финансиските показатели, во текот на минатата година остварени се вкупни приходи од 453.944.952 денари или 7,4 милиони евра, за 14,05 насто повеќе во однос на 2023 година. Добивката на Друштвото е зголемена за 20,01 насто и изнесува 226.561.100 денари (3,7 милиони евра).

На крајот од 2024 година, во задолжителниот пензиски фонд имало 281.285 членови, додека уплатите достигнале 7,19 милијарди денари (околу 117 милиони евра). Во доброволниот пензиски фонд, пак, членуваат 17.627 лица (состојба од 31.12.2024), а уплатите се 261,7 милиони денари (4,25 милиони евра).

 

Клучни зборови

  • КБ Прво пензиско друштво
  • Маја Стевкова Штериевa
  • Надзорен одбор
  • Рок Папич
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk