Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Катерина Велиновски,  Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска од Стопанска Скопје ги добија наградите за најдобрите банкарски службеници за 2024

2 ное. 2024 г.·2 мин читање·5661 прегледи

Следете не на Viber

Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, синоќа во организација на Македонската банкарска асоцијација, се случија традиционалните банкарски „Оскари“. На настанот се прогласија најдобрите банкарски службеници за 2024 година од Стопанска банка- АД Скопје. Катерина Велиновски,  Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска ги добија наградите.

–Долгогодишна посветеност на работата која ме исполнува и ми претставува задоволство да ја работам е причина да станам најдобра во мојата професија. Наградата многу ми значи, но уште повеќе ми значи кога  знам дека некој ја следи мојата динамика на развој и благодарна сум на тимот кој има особена заслуга за мојот успех и постигнување – вели за порталот Пари, Катерина Велиновски, раководител на служба за благајничко работење, филијала Куманово

Катерина Митровска, советник за СБ ексклузив клиенти, филијала Алуминка Скопје најпрво се заблагодарува на наградата што за неа, како што вели таа, значи укажана доверба и признание за досегашното нејзино работење.

–Да се стекнам со титула најдобар вработен се должи на прифаќањето нови предизвици, ентузијазам кон работата и пред се да се биде тимски играч. Ова признание има големо значење и за Банката затоа што влеваме поголема доверба кај клиентите и секако мотивација за нас вработените за поголеми успеси – истакнува Митровска.

Павлина Симиџиоска Тодороска, советник за мали бизниси, филијала Струга ни истакна дека најдобар во својата професија се станува  ако со љубов и целосен ангажман се работи својата работа.

–За мене наградата е  потврда  на она што е веќе јасно,  дека Стопанска Банка во целост го цени мојот труд и вложување во работата – посочува Симиџиоска Тодороска.

Клучни зборови

  • мба
  • најдобри банкарски службеници за 2024
  • Стопанска банка Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk