Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

КАРТЕЛСКО ЗДРУЖУВАЊЕ НА ЧЕТИРИ СИНЏИР МАРКЕТИ: Нелегално договарале цени за нивните производи

21 фев. 2025 г.·2 мин читање·2389 прегледи

Следете не на Viber

Неколку синџирите на маркети меѓусебно нелегално договарале цени и биле фатени од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од КЗК известија дека ова било констатирано по направен ненајaвен увид во 4 трговски субјекти и една стопанска комора во која се здружени, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените.

При контролата во службените простории на правните лица, извршен е увид
во службената документација и направен е и увид во средствата за електронска
комуникација при што се пронајдени докази дека истите донеле незаконита
одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.

Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата
донеле забранета одлука односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и
нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за
нивните производи, поради што е поведена прекршочна постапка.

Како што информираат од Комисијата, при увидот во службената документација и во средствата за електронска комуникација во службените простории на фирмите биле пронајдени докази за незаконската одлука која ја донеле.

Комисијата интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти  кои имаат удел во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи и ќе презема најригороизни мерки и санкции на секое нарушување на конкуренцијата на пазарот и нема да дозволи изигрување на законот на штета на граѓаните, додаваат од Комсијата.

Инаку, од вчера дел од основните прехранбени производи во маркетите се продаваат со пониски цени, откако Владата донесе мерки за ограничување на бруто-профитната маржа и за замрзнување на цените.

Над илјада производи треба да бидат означени со „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Лебот, брашното, млекото, јогуртот, киселото млеко, јајцата и маслото за јадење имаат замрзнати цени. До крајот на април ќе чинат исто како и на први февруари. За овие производи маржата е ограничена на пет проценти.

Десетпроцентни се маржите за месото и месните преработки, за шеќерот, оризот, гравот, за тестенините, за сирењето, кашкавалот, маргаринот, путерот, кафето, соковите, конзервирниот зеленчук и овошје, како и за одредени алкохолни пијалаци. А, пак, добар дел од видовите свежо овошје и зеленчук ќе се продаваат со лимитирани маржи до 15 проценти, исто како и средствата за лична хигиена и бебешката храна.

Клучни зборови

  • Комисија за заштита на конкуренција
  • маркети
  • нелегално договарање цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk