Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Поткаст

КАПИТАЛНИ РАСХОДИ: Што се смени во пресметките? – Гордана Димитриеска Кочоска во „Каде се парите?“

27 јун. 2025 г.·2 мин читање·354 прегледи

Следете не на Viber

Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, министерката Гордана Димитриеска Кочоска објаснува како и зошто е сменета методологијата за пресметка на капиталните расходи. Таа посочува дека старата пракса водела до двојно книжење на исти инвестиции и дека новата методологија нуди пообјективна слика. Ова носи промени во бројките што ги гледа јавноста.

„Кога одредено јавно претпријатие или акционерско друштво, не е во состојба да го врати својот кредит, а има државна гаранција, државата е таа што го сервисира тој долг. Меѓутоа, кога државата сервисира долг, не може да го евидентира како капитална инвестиција, може да го инвестира како разни трансфери и така натаму. Меѓутоа, не може да го евидентира како капитални расходи, затоа што тие веќе еднаш биле прокнижени. Еве, за најјасно да биде, Јавното претпријатие за државни патишта, тоа е во едно од најтешките состојби, оние познати кинеските кредити во овие последни години, почнувајќи негде од 2021 мислам беше, кредитите ги враќа Министерството за финансии. Кога Јавното претпријатие се задолжило, тоа Јавно претпријатие земало кредит и изградило дел од делницата, патот, не е битно. Тој веќе е еднаш евидентиран како капитална инвестиција. Со оваа евиденција, кога ги враќаме парите назад и повторна евиденција на капитални расходи, два пати ги евидентираме. Тоа ни се случувало во изминатите години… Ова беше една од првите работи кои инсистирав да се промени, затоа што не смееме да си дозволиме по два пати за една иста инвестиција да евидентираме два пати инвестиција.“

Клучни зборови

  • Гордана Димитриеска-Кочоска
  • каде се парите
  • капитални расходи
  • министерка за финансии
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk