Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Кои се новите предлог кандидати за членови на Надзорниот одбор на Реплек

16 сеп. 2021 г.·3 мин читање·1852 прегледи

Следете не на Viber

РЕПЛЕК АД Скопје, согласно законот за трговски друштва, преку Македонска берза информира дека до своите акционери достави податоци за предложени кандидати за членови на Надзорниот одбор на РЕПЛЕК АД Скопје

Во продолжение, прочитајте податоци за секој од нив оделно.

  1. Георгиевски Антонио, за член, од Скопје, возраст: 58 години, пол: машки, образование: Економски факултет, работно искуство: 29 години стекнато во Технокомерц експорт-импорт и ДТУ АГ Ситко Скопје каде и работи, не е и не бил член на орган на управување, односно на Надзорнен одбор на друштва, врши должност Основач и Управител во ДТУ АГ Ситко Скопје, акционер на РЕПЛЕК АД со 1580 број на акции и не поседува акции во други друштва, нема заеми или обврски спрема РЕПЛЕК АД Скопје.
  2. Андреевски Петар, за член, од Скопје, возраст: 36 години, пол: машки, образование: Факултет за електротехника и информациски технологии, работно искуство: 13 години стекнато во Брокерска куќа Еурохаус АД Скопје, WVP АД осигурително брокерско друштво Скопје, и Друштво за управување со инвестициски фондови WVP Фонд Менаџмент АД Скопје каде и работи, член на Надзорниот одбор на Друштво за управување со инвестициски фондови WVP Фунд Менагемент АД Бања Лука и Друштво за управување со инвестициски фондови WVP Фунд Менагемент АД Белград, не е член на други органи на друштва, врши должност Извршен директор и Ко-основачна на Друштво за управување со инвестициски фондови WVP Фонд Менаџмент АД Скопје, не поседува акции во друштвото, а акционер е во Акционерско осигурително брокерско друштво WVP АД Скопје со 1448 број на акции и во Друштво за управување со инвестициски фондови WVP Фонд Менаџмент АД Скопје со 78750 број на акции, нема заеми или обврски према РЕПЛЕК АД Скопје.
  3. Славица Туџарова Трајковска, за член, од Скопје, возраст: 53 години, пол: женски: образование: Фармацевтски факултет, Медицински факултет во Виена – Австрија, Мр. по природни науки и туморна биологија и Др. по природни науки, работно искуство: 28 години стекнато на Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје, Медицински Универзитет Виена, Универзитетски колеџ Лондон, научен ко-основач и консултант во Метаноиа Био Лос Анџелес и Калифорниски универзитет Лос Анџелес каде и работи, не е и не била член на орган на управување, односно на Надзорнен одбор на друштва, врши должност Професор, доцент на Калифорниски универзитет Лос Анџелес, акционер на РЕПЛЕК АД со 3000 број на акции и акционер е во Метаноиа Био со 56250 акции, нема заеми или обврски спрема РЕПЛЕК АД Скопје.
  4. Гашевски Владимир, за независен член, од Скопје, возраст: 42 години, пол: машки, образование: Правен факултет, работно искуство: 17 години стекнато во НИКОБ ДОО Скопје, Адвокат Емил Гашев Скопје и Адвокат Владимир Гашевски Скопје каде и работи, член на правен комитет на УЕФА и член на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија,не е член во други органи на друштва,не постојат ограничувања за избор по член 3, став 1, точка 25 од ЗТД ,врши должност Адвокат во Адвокатска Канцеларија Владимир Гашевски, не поседува акции во друштвото и во други друштва, нема заеми или обврски спрема РЕПЛЕК АД Скопје.

Клучни зборови

  • Андреевски Петар
  • Гашевски Владимир
  • Георгиевски Антонио
  • Реплек
  • Славица Туџарова Трајковска
  • Членови на надзорен одбор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk