Летото е идеално за кампирање, а голем е и бројот на граѓаните кои планираат годишниот одмор да го поминат кампирајќи во авто-камовите кои постојат кај нас. Порталот „Пари“ ги истражи цените и основните услови за кампирање во некои од најпосетувани кампови во Македонија и тоа според критериумите за престој во нив за двајца или за четиричлено семејство.
Иако еден дел од некогаш популарните кампови за домашните (и странски) посетители и кампери крај Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се затворени или работат со намален капацитет и се нереновирани, останатите, според содржините кои ги нудат, како и според цените на услугите, пружат релативно добри и финансиски прифатливи услови за камперски летен одмор.
Камповите крај Охридското езеро, кои се и најбројни, се застапени и на струшкиот и на охридскиот дел од езерското крајбрежје. Во автокампот Љубаништа, едно од најпосетуваните камперски локации, сместување во сопствен шатор за двајца, за ноќевање чини 1000 денари, со вклучен приклучок за струја. За сместување во шатор за четворица се плаќа 1400 денари. Поставување приколка во која се дозволени максимум…