Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ колку што е важна за возрасните, толку е важна и за оние по нив

17 ное. 2022 г.·4 мин читање·677 прегледи

Следете не на Viber

Сакаме да ги чуеме и искористиме вашите животни искуства и да ги пренесеме на помладите – истакна на денешната средба со пензионерите во општина Центар, генералниот директор на Халкбанк, Билал Суџубаши

Секој ваш збор е нешто што сте преживеале, ваше искуство и не постои цена што тоа ќе го плати, подвлече Билал Суџубаши, генерален и извршен директор на Халкбанк АД Скопје на денешната средба со пензионерите од општина Центар. Тој пред повозрасните сограѓани ја претстави кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ чија цел е поддршка на старите лица, но и подигнување на јавната свест за нивното место и значење во општеството:

  • Како банка за нас сметаат дека сме свртени кон управување со парите, но не е така, напротив, ние сме свртени кон луѓето, за нас вие сте важни. Сакаме да ги чуеме и искористиме вашите животни искуства и да ги пренесеме на помладите. Оваа кампања колку е важна за вас, толку е важна и за сите по вас на кои им ги оставате вашите зборови. Тоа е непроценливо – истакна Суџубаши.

Халкбанк како општествено-одговорна компанија, работи платформи за екологија, за поддршка и правилен развој на децата, а сега се  посветува и на повозрасните. Во изборот на слоганот внесени  се многу лични искуства од брзото секојдневие во кое често нема доволно време да ги видиме и чуеме дури и најблиските повозрасни околу нас:

  • „Да ги слушнеме и гушнеме“ е почит кон повозрасните, но и потсетување дека од нив можеме да научиме многу работи. Во моменот, низ повеќе градови пензионерите од здруженијата и домовите за стари лица пишуваат картички со совети за помладите, а децата цртаат цртежи или пишуваат творби за повозрасните. Планираме забави со доза на носталгија, кино-проекции, работилници и предавања за сите генерации. Кампањата е предвидено да трае до март следната година, но од нашето досегашно искуство, знам дека ќе направиме сè таа да продолжи и понатаму – истакна Маја Наумовска Савоска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во банката.

Поздравувајќи ја целата иницијатива, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, го искажа и задоволството што токму општината е мост за соработка и поврзување на генерациите:

  • Халкбанк е наш долгогодишен поддржувач и пријател во многу проекти. Таков беше и неодамнешниот „Среќно прваче“ со кој ја започнавме учебната година. Веруваме дека соработката ќе продолжи и во делот на поддршка на нашите повозрасни сограѓани.

Со идеи за понатамошен развој на проектот несебично се вклучија и домаќините од Здружението на пензионери:

-Среќни сме што можеме да учествуваме во кампањата, да испратиме совети. Би сакале да се вклучиме и во креативниот дел. Нашиот хор има огромно искуство во многу домашни и меѓународни настапи, а на гостувањата низ домовите за стари лица, нашите врсници секогаш со весела насмевка ни се придружуваат во песната. Меѓу нас има и многу творци, писатели и поети  – рече нивниот претсетадетел, Златко Стефановски.

Некогашни наставници, професори, банкари, лекари, сочинуваат една голема група активна во многу сфери, љубопитна за нови нешта, па и за волонтирање. Тие се децидни дека професијата не завршува со пензионирањето. Во нас е искуството, знаењето, но и храброста. Ова не е Трето довба, ова е наше доба – порачаа нашите повозрасни сограѓани.

На средбата беа напишани и испратени многу совети кои ќе останат зачувани и архивирани на картичките #чуваринамудроста. Следната фаза од кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ е пуштањето на истоимената веб-страница, која освен информации ќе биде и архива на сите активности.

Клучни зборови

  • Билал Суџубаши
  • Да ги слушенем и гушнеме
  • халкбанк
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk