Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Камер: Народната банка помогна успешно да се намали инфлацијата, благодарение на одлучноста во својата политика

8 окт. 2024 г.·2 мин читање·1060 прегледи

Следете не на Viber

„Намалувањето на инфлацијата од 19,8 отсто во октомври 2022 година на 2,2 отсто до август 2024 година е клучно достигнување, главно благодарение на одлучноста при зголемувањето на каматните стапки на централната банка. Сепак, иако инфлациските притисоци се намалија, и понатаму има значителни ризици. Поради глобалната несигурност, како и нестабилните цени на енергијата и геополитичките тензии, централната банка мора да биде внимателна и да ги користи сите достапни алатки како што се приспособувањата на каматните стапки, девизните интервенции и мерките за управување со ликвидноста, за да нема промена во инфлациските очекувања“, нагласува Алфред Камер, директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европ, во интервју за порталот „Фактор“.

Според него, зачувувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за таа да биде постојано посветена на контролата на инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, што ќе придонесе за поддршка на растот и довербата во економијата кај домашните и странските инвеститори.

„Независноста на Народната банка е најважниот фактор за нејзиниот успех. Според нашата анализа во ММФ, Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа според новоизработениот Индекс на независноста на централните банки. Способноста на Народната банка да работи без политичко мешање ѝ овозможи да носи тешки, но неопходни одлуки, како неодамнешните зголемувања на каматните стапки, со кои се зголеми привлечноста на штедењето за домаќинствата и претпријатијата, а со тоа успешно се намалија инфлацијата“, посочува Камер. Директорот на ММФ за Европа истакнува дека независноста мора да биде проследена со транспарентност и отчетност. „Во оваа смисла, неодамнешното доброволно учество на Народната банка во пилот-проектот за оцена на усогласеноста со новиот Кодекс на ММФ за транспарентноста на централните банки на ММФ, како прва централна банка во регионот, исто така ја одразува нејзината посветеност на високите стандарди за транспарентност“, посочи Камер.

Клучни зборови

  • Алфред Камер
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk