Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Каматите на кредитите со ново месечно намалување – Просечната годишна стапка во февруари 5,18%

29 мар. 2025 г.·4 мин читање·1565 прегледи

Следете не на Viber

Каматите применливи во кредитната активност на банките се намалуваат. Во февруари е забележан и месечен за 0,03 и годишен пад од 0,34 процентни поени, па просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,18 проценти. Во февруари 2024 година била на нивото, од 5,52 проценти.

Раст на месечно ниво од 0,01, а на годишно – за 0,43 процентни поени, има кај просечната стапка на вкупните депозити. Во вториот месец од годината достигнува 2,19 проценти. Една година претходно тој просек бил 1,76 проценти.

Пад од 0,07 проценти месечно и 0,72 процентни поени годишно е реегистриран и кај просечната стапка на новоодобрените кредити. Каматата за нив е 4,63 проценти. И кај новите депозити има месечно намалување на стапката за 0,07 п.п., а годишното позитивно поместување е за 0,10 п.п. Оттаму и просечната стапка во февруари од 2,41 процент.

Податоците на Народната банка покажуваат дека каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 2,12% и бележи месечен раст од 0,01 п.п. Во тој контекст се посочува дека ова движење се должи на растот на сите компоненти, односно зголемени се каматите на денарските депозити без и со валутна клаузула, како и на девизните депозити. За една година оваа стапка е зголемена за 0,39 п.п.

Наспроти тоа, месечен пад е забележан кај стапката што се пресметува на новите депозити, за 0,08 п.п., која во февруари изнесува 2,38%. „Падот во целост е резултат на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,17 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08)“, наведено е во соопштението на НБРСМ. На годишно ниво просечната стапка е повисока за 0,03 п.п.

За вкупните кредити што ги користат граѓаните, стапката во февруари се намалила за 0,02 п.п. и изнесува 5,53%. Ова произлегува од падот на каматите и кај денарските (без и со валутна клаузула) и кај кредитите во странска валута. Споредено со истиот месец од 2023 година, оваа стапка е пониска за 0,11 п.п.

На месечна основа има зголемување од 0,05 п.п., а на годишна намалување за 0,64 п.п. просечната стапка за новите кредити одобрени на населението, која е на прагот од 4,81%. Месечниот раст е базиран на повисоките камати кои се однесуваат на девизните кредити, како и на тие за денарските кредити со валутна клаузула.

Намалување и месечно (0,03 п.п.) и годишно (0,58 п.п.) има кај каматите на кредитите дадени на корпоративниот сектор, па просечната стапка во февруари е 4,82%. Според појаснувањето од НБРСМ, тоа произлегува од намалените стапки на кредитите во странска валута и на денарските кредити без валутна клаузула.

За новите кредити одобрени на компаниите во февруари стапката паднала за 0,20 п.п. и изнесува 4,45%. „Месечната промена се должи на падот на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,27 п.п. и 0,07 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 п.п.)“, се посочува во соопштението и се додава дека на годишна основа таа стапка е пониска за 0,80 п.п.

Што се однесува до вкупните депозити на компаниите, во февруари се пресметувала просечна стапка од 2,71%. Поради зголемените камати на девизните и на денарските депозити со валутна клаузула, стапката има месечен раст од 0,02 п.п. Годишниот раст е за 0,63 п.п.

И каматата за новопримените депозити од овој сектор е намалена во февруари – за 0,07 п.п. и изнесува 2,49%. Негативното движење е засновано врз пониските стапки на депозитите во странска валута, но и на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,06 п.п.). „Истовремено, каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 2,50%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид“, наведуваат од Народната банка. Инаку, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,30 процентни поени на годишно ниво.

 

Клучни зборови

  • домаќинства
  • камати за депозити
  • камати за кредити
  • Корпоративен сектор
  • Народна банка
  • просечна каматна стапка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk