Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ – Дали кредитокорисниците ја чувствуваат промената?

30 апр. 2025 г.·3 мин читање·589 прегледи

Следете не на Viber

Три месеци во континуитет е присутен падот кај каматите на вкупните кредити одобрени од македонските банки. Во март просечната стапка е пониска за 0,03 процентни поени, годишната промена е означена со минус 0,35 процентни поени, при што е дојдено до камата од 5,15 проценти.

Исто така, се намалува и просечната стапка на новоодобрените кредити. Забележан е месечн пад од 0,37 и годишен за 0,72 процентни поени. Оттаму, мартовската стапка за нив е 4,26 проценти.

Долгот на граѓаните кај баните надминува четири милијарди евра, а во март за нивните вкупни кредити просечната камата изнесувала 5,51%. Подароците на Народната банка покажуваат  месечно намалување од 0,02 п.п. „Падот на месечна основа се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на кредитите во странска валута. На годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,14 п.п“.

Просечната камата за новоодобрените кредити на домаќинствата е со пад од 0,12 п.п. и изнесува 4,69%, а произлегува од падот на сите стапки – за девизните и денарските кредити, без и со валутна клаузула. На годишна основа има намалување од 0,71 п.п.

Поевтини кредити користат и компаниите. Во март просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,77%. Пониска е за 0,05 п.п. на месечно ниво, додека годишниот пад е измерен со 0,58 п.п. „Месечната промена произлегува од падот на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,04 п.п., соодветно) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.)“, образложуваат од НБРМ.

Во март, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,95% и на месечна основа се намали за 0,50 п.п. Падот е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,58 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,22 п.п. и 0,18 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,78 п.роцентни поени.

Во текот на март вкупните кредити што банките ги одобриле и на домаќинствата и на населението пораснаа за 81,46 милиони евра. Притоа, достигнаа ниво од 8,2 милијарди евра.

Клучни зборови

  • банки
  • камати
  • кредити
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk