Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ ОПАЃАЛЕ И ВО ЈУЛИ, стапките кај депозитите со благ раст

29 авг. 2025 г.·3 мин читање·2561 прегледи

Следете не на Viber

Просечните каматни стапки на банкарскиот сектор во јули ја продолжија тенденцијата на различни движења: каматите што се пресметуваат на кредитите бележат пад, додека кај депозитите евидентен е умерен раст.

Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните депозити во јули изнесувала 2,21 процент, што претставува раст од 0,28 процентни поени на годишно ниво. Месечната промена е за минимални, но позитивни 0,01 процентен поен.

Истовремено, просечната каматна стапка на вкупните кредити се намалила на 4,91 насто, што е пад од 0,55 процентни поени во однос на истиот месец лани. Споредено со јуни, осипувањето е измерено со 0,12 процентни поени.

Кај новите депозити и кредити, состојбата е без месечни промени. Конкретно, просечната каматна стапка на новопримените депозити и во јули останала 2,35 насто, но проследена со годишен пад од 0,41 процентен поен. Побараните и одобрени нови кредити се со истата стапка од 4,42 проценти, а намалувањето на годишна основа е за 0,70 процентни поени.

Кај населението, односно кај вкупните кредитни средства што ги користат домаќинствата, каматната стапка е коригирана со минус 0,16 п.п. и изнесува 5,28 проценти. Тоа произлегува од „падот на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,23 п.п. и 0,11 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.)“. Намалување има и на годишна основа – за 0,39 процентни поени.

Новоодобрените кредити се пласирани со просечна каматна стапка од 4,67 насто, со минимално месечно намалување од 0,02 п.п. и значително годишно намалување од 0,67 процентни поени.

Каматата за депозитите на граѓаните во јули се задржала на нивото од претходниот месец, со просечна стапка од 2,15 насто, која на годишна основа е повисока за 0,26 процентни поени. Кај новопримените депозити стапката изнесува 2,33 проценти. Непроменета е во однос на јуни, но пониска за 0,35 процентни поени во споредба со јули 2024 година.

Што се однесува до корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на нивните вкупни кредити во јули изнесувала 4,54 проценти, што значи месечно намалување од 0,08 и годишно од 0,69 процентни поени. Надолната месеч на промена од НБРСМ ја појаснуваат со „падот на сите компоненти и тоа: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,20 п.п.), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,13 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.)“.

Новоодобрените кредити за фирмите во просек се пласирани со камата од 4,22 насто, што е месечно намалување од 0,06 процентни поени и годишно од 0,74 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор достигнала 2,66 насто. Во овој сегмент е регистрирано месечно зголемување од 0,10 процентни, односно годишно за 0,38 процентни поени. Кај новопримените депозити, пак, просечната стапка е 2,39 проценти и е речиси непроменета месечно (+0,01 п.п.), но пониска е за 0,64 процентни поени во однос на истиот месец минатата година.

 

Клучни зборови

  • вкупни депозити
  • вкупни кредити
  • каматни стапки
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk