Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Каматите го задржуваат курсот на движење: Растат стапките на заштедите, паѓаат на кредитите

3 ное. 2025 г.·3 мин читање·3211 прегледи

Следете не на Viber

Каматните стапки и во септември се во трендот од претходните месеци – раст кај влоговите, пад кај кредитите. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се зголемила на годишно ниво за 0,19 процентни поени и достигнува 2,20 насто. Кај кредитирањето годишното намалување е за 0,56 процентни поени и просечната стапка изнесува 4,85 насто.

Месечните промени се минус 0,05 проценти поени кај стапката за вкупните кредити, а плус 0,01 процентен поен за депозитите.

Намалување има и кај каматите што се пресметуваат на новоодобрените кредити – месечно за 0,01 и годишно за 0,51 п.п., па оттаму и стапката од 4,47 насто.

Просекот кај новопримените депозити е 2,23 насто. Оваа стапка е проследена со месечен раст од 0,17 п.п., а на годишна основа е пониска за 0,37 п.п.

Кредитите на населението во деветтиот месец од годинава имале стапка од 5,24 насто. Месечната промена е негативна за 0,03 п.п., а од Народната банка посочуваат дека тоа е резултат од намалувањето на стапките на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п.) и на каматите на девизните кредити (-0,01 п.п.). Годишниот пад е 0,42 п.п.

Пониска за месечни 0,07 п.п. е и стапката на новоодобрените кредити, при што изнесува 4,61 насто. Таа промена била стимулирана од падот на стапките кај сите видови кредити, и денарски и девизни.

Што се однесува до заштедите на граѓаните, во септември каматната стапка не претрпела никакви измени, и исто како и во август е 2,14 насто. Годишниот раст е 0,17 п.п.

Каматата за новите депозити, пак, бележи месечно зголемување од 0,27 п.п. и изнесува 2,45 насто. „Растот во целост е резултат на зголемените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,37 п.п.), во услови на пад на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,28 п.п.)“, наведуваат од НБ. А, споредено со ланскиот септември, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата опаднала за 0,34 п.п.

Кај задолжувањата на корпоративниот сектор, состојбата е следна: просечната стапка на вкупните кредити е 4,46 насто, намалена на месечно ниво за 0,06 п.п., а на годишно за 0,69 п.п.

Во текот на септември раст од 0,03 п.п. е регистриран кај стапката што ги опфаќа новоодобрените кредити, со што таа доаѓа до 4,36 насто. Годишно е во опаѓање – за 0,42 п.п.

Просечната стапка на вкупните депозити на компаниите се зголемила за месечни 0,07 п.п. и изнесува 2,60 насто. Оваа каматна стапка е повисока за 0,26 п.п. на годишно ниво.

Септемвриската стапка на новопримените депозити во септември е 1,73 насто. Бележи месечно намалување од 0,13 п.п. и годишно за 0,41 процентен поен.

Клучни зборови

  • каматни стапки за депозити
  • каматни стапки за кредити
  • Народна банка
  • септември
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk