Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

КАМ маркет го отвора својот најголем и најсовремен маркет во Прилеп

4 јан. 2023 г.·2 мин читање·2585 прегледи

Следете не на Viber

Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, отвора нов 5-ти маркет во Прилеп, лоциран на улицата „Цар Самоил“ бр. 28.

Новиот маркет се простира на вкупна површина од над 733 квадратни метри. Продажниот простор зафаќа 555 квадратни метри, речиси 120 квадратни метри се магацински простор, а преостанатите се помошни и канцелариски простории.

Во рамките на маркетот има и пекарница во која прилепчани ќе ги најдат највкусните лебови и печива, свежо печени секој ден. Исто така, за потрошувачите на „КАМ“ обезбеден е бесплатен паркинг простор за 117 возила.

– Продажната мрежа на „КАМ“ продолжува да расте, ова е нашиот 77. маркет.  Со асортиман кој го сочинуваат околу  1700 артикли меѓу кои добро познатите производи под КАМ марка, како и познати интернационални брендови, остануваме посветени на целта да го доближиме високиот квалитет по редовно ниски цени до сите граѓани – велат од „КАМ“.

Маркетот е во склоп на “КАМ центар“, кој наскоро ќе ги отвори вратите за јавноста. На 2200 квадратни метри, во современиот простор на „КАМ центар“ ќе бидат лоцирани повеќе брендови од различни дејности, чии имиња ќе се објават наскоро. Овој објект значително ќе придонесе за збогатување на шопинг искуството во градот.

Клучни зборови

  • КАМ Маркет
  • прилеп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk