Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Какви се очекувањата на Гранит за периодот што следи?

17 мар. 2021 г.·2 мин читање·1576 прегледи

Следете не на Viber

Светската пандемија Ковид-19 се очекува да има силно влијание врз светската економија, а следствено на тоа и врз македонската економија во наредниот период. Влијанијата ќе имаат ефект посебно врз намален обем на активности, трговија, размена и движење на луѓе и стоки. Одредени сектори како што се угостителство, туризам и транспорт се директно погодени од вилајието на кризата со вирусот.

Друштвото континуирано ги следи движењата во националаната, регионаланата и глобалната економија со цел да се добијат информации за полесно одлучување. Согласно предвидувањата за намалување на обемот на активности и пад на македонската економија до крајот на оваа година и пад на БДП за околу -3 до -4%, условите во кои ќе работи Друштвото ќе бидат изменети.

Друштвото оперира во сектор градежништво кој не е директно погоден како секторите туризам, угостителство и слични такви дејности со оглед дека истите се соочија со целосно затварање на нивните деловни активнсти. Секторот градежништво во времето на текот на пандемијата продолжи да функционира но во изменети и новонастанати околности во смисла на отежнати и успорени активности пред се поради проблемите со транспорт на луѓе и стоки до соодветните објекти за градење.

Друштвото ги презема сите неопходни активности за прилагодување на новонастаната состојба и ќе настојува да ги заврши сите предвидени активности согласно плановите за градење со инвеститорите и истото во наредниот период пред се ќе зависи слободното движење на стоки и луѓе, како и ограничувањата на движење дадени од надлежните органи.

Клучни зборови

  • гранит
  • Гранит АД Скопје
  • Очекувања за претстојниот период
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk