Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Лични Финансии

Како стратешки, подобро да менаџирате со вашите долгови?

28 апр. 2020 г.·2 мин читање·58 прегледи

Следете не на Viber

Повеќето од нас имаат долгови во една или друга форма, но никој од нас не сака да зборува за тоа. Долгот може да не внесе во неволја, особено ако е непланиран и е надвор од контрола.

И некои од нас не се чувствуваат под контрола кога станува збор за нашиот долг. Без разлика дали долгот е голем или мал, поради парите, може да се осеќаме непријатно и стресно. Она што често забораваме е дека долгот исто така може да биде алатка што најчесто се користи за да напредуваме, без разлика дали е заем за образование, за бизнис или за дом за кој претпоставуваме дека ќе го цениме со тек на време.

Се разбира, долгот може да биде исклучително опасен и штетен за вашиот финансиски успех, ако не сте внимателни и вредни за управување со истиот. Но, ако сте внимателни, долгот не мора да биде лош. Всушност, може дури и да ви помогне побрзо да напредувате.

Битно е да направите добра анализа на вашата кариера, планот на како истата сметате деќа се одвива, и распоред на вашите приходи и трошоци. Ова ќе ви помогне соодветно да буџетирате и да останете мотивирани да ја направите вистинската одлука кога станува збор за задолжување и сумата која ви е потребна. Математиката е објективна, и реално ќе ви прикаже дали задолжувањето има смисла или не, и дали можете да го превземете тој реален чекор кон задолжување.

Во однос на земање кредит на нов автомобил, ретки се случаевите кога тој потег може да биде оправдан. Бидејки во моментот кога ќе го купите вашиот нов автомобил, неговата вредност паѓа. И таа продолжува да паѓа секоја година, а вие неколку години ќе треба да плаќате камата на заемот наменет за автомобил.

Доколку сакате да се задолжите за да инвестирате, битно е да ги разберете ризиците. Задолжувањето на маргина не е за аматерскиот инвеститор. Маргина може да резултира во губење на повеќе од вашата оригинална инвестиција. Сепак, вие исто така би можеле значително да ја зголемите вашата инвестиција. Исплатливо е да се биде внимателен, објективен, аналитичен, и сурово искрен со себе, во секоја одлука кога позајмувате финансиски средства.

Клучни зборови

  • банкарски сметки
  • банки
  • Долгови
  • лични финансии
  • позајмување
  • финансиски успех
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk