Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Како работат фирмите на Гранит, којa забележа добивка, а којa загуба во првиот квартал?

17 мај 2022 г.·5 мин читање·1922 прегледи

Следете не на Viber

ГД Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот Јануари – Март 2022 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи.

Консолидираните финансиски извештаи за периодот Јануари –Март 2022 година ги опфаќаат работењето на следните друштва вклучени во консолидацијата:

  • ГД Гранит АД Скопје – матично друштво
  • Хотел Гранит ДООЕЛ Охрид – 100% поседуван
  • Карваш ДООЕЛ Скопје – 100% поседуван
  • Гранмак Виена гмбх – 100% поседуван
  • Гранмак експорт-импорт гмбх Германија – 100% поседуван
  • ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ – 100% поседувана
  • ГД Гранит Подружница Бања Лука БИХ – 100% поседувана

Биланс на успех

Вкупни приходи

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 827,551 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 14%.

Приходите од продажба за периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 775,940 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 10%.

Финансиските приходи за периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 1,540 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат намaлување за 38%.

 Вкупни расходи

 Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Март 2022 година се во износ од  827,164 илјади денари,  споредено  со истиот период 2021 година бележат  зголемување за 14% .

Во рамките на оперативните расходи, трошоците за материјали и суровини бележат зголемување за 23% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на пазарните цени на одредени клучни материјали за изградба како и недостигот и доцнењата во нивна испорака.

Трошоците за вработени се на исто ниво како и минатата година, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 32%.

Трошоците за услуги се зголемени во однос на претходната година за 23% како резултат на зголемениот износ на трошоци за подизведувачи кои директно зависи од обемот на извршени работи, но и поради зголемените цени.

Во периодот Јануари – Март 2022 година, Друштвото оствари консолидирана добивка во износ од 387 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 119,772 илјади денари, и е поголема од добивката пред се се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 119,385 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 1 квартал на 2022 година.

Остварените финансиски резултати по друштва во консолидацијата се како што следува:

    Во илјади денари
Гранит АД 5,918
Хотел Гранит ДООЕЛ -3,961
Карваш ДООЕЛ 757
Гранмак Виена 1,259
Гранмак Германија -3,263
Босна Подружница -260
Босна ДОО Бања Лука -61
Вкупно   387

 

  1. Сметководствени политики и методи на вреднување

 Во периодот на известување во 2022 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во консолидираните финансиски извештаи на ГД Гранит АД.

  1. Дивиденда

Во периодот Јануари – Март 2022 година, не е одржано Собрание на акционери  на кое би се одлучувало за распределба на дивиденда. Годишното Собрание на акционери за 2021 година е закажано за 23.05.2022 на кое ќе се одлучува за распределба на дивиденда за 2021 година.

  1. Инвестиции

 Вкупните инвестиции во основни средства  во периодот Јануари – Март 2022 година  изнесуваат 33,826 илјади денари, од кои најголем дел или 29,951 илјади денари се во опрема и механизација.

  1. Промени во кредитни задолжувања

Во периодот Јануари – Март 2022 година, нема значајни промени во кредитните обврски на Друштвото, единствено само има редовна отплата на долгорочните кредити и финансикиот лизинг согласно амортизационите планови. Нови кредитни задолжувања нема.

7. Очекувања во престојниот период

Светската пандемија Ковид-19 се очекува сеуште да има влијание врз светската економија, а следствено на тоа и врз македонската економија во наредниот период, како и постоечката криза во Украина со Русија и енергетска криза со значајното зголемување на цените на главните енергенси (струја, гас, нафта). Влијанијата ќе имаат ефект посебно врз зголемување на цените на одредени суровини и материјали, енергија а преку тоа и врз крајните цени на многу производи.

Друштвото континуирано ги следи движењата во националаната, регионаланата и глобалната економија со цел да се добијат информации за полесно одлучување.

Секторот градежништво во времето на текот на пандемијата продолжи да функционира, но во изменети и новонастанати околности. Исто така, кризата во Украина како и зголемување на цените на енергенсите и континуираниот пораст на цените на суровините, порастот на минималната плата а со тоа и пораст на сите останати плати, ке имаат влијание на пораст на трошоците на главните инпути во наредниот период.

Друштвото ги презема сите неопходни активности за прилагодување на состојбата со здравствената криза, како и новонастаната енергетска криза со порастот на цените на енергенсите и суровините и ќе настојува да ги заврши сите предвидени активности согласно плановите за градење со инвеститорите, при што и цените на услугите и производите на Друштвото ќе се адаптираат на тековните цени.

Клучни зборови

  • биланс на успех
  • ГД Гранит АД
  • прв квартал 2022
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk