Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

pari.com.mk

,,ПАРИ” ДЕНЕС: Како пекарите се снаоѓаа(т) во кризата?

26 апр. 2023 г.·3 мин читање·215 прегледи

Следете не на Viber

Инфлацијата, што увезена, што домашна, ја наруши ценовната стабилност. Удри онаму каде што е најтенко, врз цените на најосновните, секојдневно најкупуваните и најконсумираните производи. На прво место, врз лебот. Ги поремети и пекарите, некои повеќе, некои помалку. Во просек – добри се.

Друштво за производство и промет на големо и мало Диме ДОО увоз-извоз Скопје:

Лани оствариле вкупни приходи од 6,84 милиони евра (421.956.866 денари), а годината пред тоа нешто повеќе од пет милиони евра (308.592.632 денари).

Вкупни расходи во 2022 се 6,09 милиони евра (375.365.153 денари), а во 2021 – 4,57 милиони евра (281.988.478 денари).

Нето-добивка 713,4 илјади евра (43.950.190 денари) за 2022, 399,5 илјади евра (24.613.483 денари) за 2021.

Друштво за производство, трговија и услуги Жито Скопје Силбо ДООЕЛ Скопје:

Вкупни приходи од 2,8 милиони евра (173.078.213 денари) во 2022, 2,6 милиони евра (160.344.187 денари) во 2021 година.

Вкупни расходи од 2,66 милиони евра (164.020.318 денари) лани, 2,3 милиони евра (141.975.505 денари) преклани.

Нето-добивка од 125,3 илјади евра (7.720.804 денари) во 2022, 288,1 илјада евра (17.749.897 денари) во 2021.

Акционерско друштво за производство и промет Жито Леб Охрид:

Вкупните приходи од ланското работење се над осум милиони евра (496.607.704 денари), додека во 2021 изнесувале 6,9 милиони евра (425.263.251 денар).

Вкупни расходи од 7,9 милиони евра (488.298.699 денари) во 2022, а 6,69 милиони евра (412.252.836 денари) во 2021.

Нето-добивката е 130,7 илјади евра (8.057.092 денари) лани, а во годината пред тоа – 200,5 илјади евра (12.355.461 денар).

Друштво за производство, трговија и угостителство Специјал – Продукт ДООЕЛ Скопје:

Вкупни приходи изнесуваат 5,55 милиони евра (342.153.963 денари) во 2022, додека во 2021 биле 4,21 милион евра (259.747.351 денар).

Вкупни расходи од 5,41 милион евра (333.677.310 денари) лани, а 4,15 милиони евра (255.722.031 денар) преклани.

Нето-добивката за 2022 е речиси 137,6 илјади евра (8.476.653 денари), а во 2021 година – 64 илјади евра (3.944.566 денари).

Друштво за производство на мелнички, пекарски и слаткарски производи, промет на големо и мало и увоз-извоз Жито Лукс АД Скопје:

Вкупно реализираните приходи лани биле 20,47 милиони евра (1.261.371.699 денари), преклани -16,85 милиони евра (1.038.252.406 денари) во 2021.

Вкупни расходи се 20,59 милиони евра (1.268.669.213 денари) во 2022, а 17,13 милиони евра (1.055.604.677 денари) во 2021.

Минатата 2022 е завршена со нето-загуба од 133,4 илјади евра (8.222.191 денар), и е помала од таа во 2021 година, кога минусот броел 286,4 илјади евра (17.645.132 денари).

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

  • ЛИЦАТА СО БЕНЕФИЦИРАН СТАЖ ДА СЕ ОПРЕДЕЛАТ – ИЛИ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД ИЛИ ПИОМ
  • НА УШТЕ ЕДНА АМЕРИКАНСКА БАНКА Ѝ СЕ БРОЈАТ ДЕНОВИТЕ: Клиентите на First Republic Bank повлекле фантастични 100 милијарди долари од сметките
  • „ДЛАБОКО ЖАЛИМЕ“: Гигантот Бритиш Американ Тобако фатен како продава цигари на Северна Кореја, ќе плати 635 милиони долари
  • Бектеши: Во петок кривични пријави против дел од увозниците и трговците
  • СИТЕ СЕ ОБЛОЖУВААТ НА НИВ, а тие вложуваат богатство во – светиот грал на науката
  • ФОРБС ГО ПРОГЛАСИ ЗА НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК: Џеф Безос лани изгуби 57 милијарди долари од своето богатство 
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk