Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПоткаст

„КАКО ПАРИТЕ ДА ПОЧНАТ ДА РАБОТАТ НАМЕСТО ТЕБЕ“ – Иван Ивановски во New Biz

15 фев. 2025 г.·6 мин читање·1197 прегледи

Следете не на Viber

Иван Ивановски е лице од светот на инвестициите во Македонија како и човекот кој инвестирањето и неговата едукација ги донесе во нашата држава. Иван е со големо искуство како софтверски инженер во ИТ – индустријатата. Едукативниот сајт како франшиза на светски познатиот Masterclass благодарејќи на Иван е сега реалност во Македонија каде што сите можат да дознаат врвни тајни и лекции поврзано со секаков тип на иновативност и претприемништво, со главен фокус на инвестирањето на берза, акции, криптовалути и сите светски работи за кои нашиот народ смета дека се предалеку или дека остануваат само во Америка, со доста поволни цени и по наш стандард.

Во шестата епизода на поткастот New Bizz, Наташа Велковска зборува со Иван Ивановски за крипто и за недостатокот за регулатива за крипто, за потребата од финансиска едукација и едукација во инвестирање во редовното образование.

Тој во својата заедница Masterclass има од над 1.500 луѓе коишто секојдневно вежбаат како да бидат дисциплинирани со своите лични финансии како да инвестираат на берза и како да си ги оплодуваат сопствените пари.

Но, кога некој ќе ја слушне неговата приказна, веројатно се прашува како навлегол во инвестирањето, во финансиите, критповалутите, бидејќи на Ивановски не му е стартна работа тоа, туку започнал со развој на апликации – која е сосема друга индустрија.

„Најпрвин почнав како ИТ – дивелопер, потоа имав фирма за развој на мобилни апликации и дури пред 6 – 7 години почнав со инвестирање. За старт-апи кога се креираат – се бараат инвеститори, размислуваш како тие размислуваат од другата страна, за да можеш да привлечеш инвестиција и потоа ми стана интересно да бидам и од другата страна и почнав да учам и за инвестирање“, вели Ивановски.

Тој објаснува дека целата работа со ИТ – дивелопмент многу го има насочено да размислува на начин како софтверски инженер и да носи одлуки врз база на тие работи, бидејќи е многу важно, според него, како ќе се размисли целиот процес и како ќе се настапи, а истото се случува и во фирмата и во инвестирањето.

За него веројатно дошло природно тоа да се префрли кон инвестирањето, меѓутоа не за секој е така и не секој ја има истата кариерна патека, Ивановски одговара на прашањата како се почнува со инвестирање и кои се првите чекори.

„Некаде околу 2008 година, кога излезе новиот ајфон и кога почнавме да работиме мобилни апликации имав постојано комуникација со западни клиенти – Америка, Франција, Британија и слично. И цело време тие ми кажуваа како инвестираат, на пример дека сега би инвестирале во Аpple поради тоа што гледаат во која насока ќе се движи индустријата, во Google и слични компании. Јас барав начин уште од тогаш како да инвестирам тука, но секогаш беше неуспешно, процедурата беше комплицирана. Немавме можност до 2018 година од Македонија да купуваме регуларно акции. Направив сметка во Бугарија и од таму тргував, па потоа кога дозволија од Македонија почнав од тука да тргувам регуларно. Првите купувања ми беа Apple, Microsoft, Tesla, потоа почнав многу агресивно да инвестирам само во една две компании“, истакнува Ивановски.

Тој вели дека најголемата грешка во инвестирање била што на почетокот многу емотивно ги сфаќал работите и во одредена паника да изреагира многу брзо, но со текот на времето научил дека не треба со емоции да се игра кога се работи за инвестирање.

„Значи најголемите грешки не ги имам направено математички или да имам погрешено нешто технички, туку само емотивно. Додека, пак, во софтвер има поголеми грешки, на пример таму имавме еднаш сменето лозинка на акаунт на 4.000 корисници и сите почнаа да пишуваат и да се бунат, и требаше многу време за да се исправи грешката бидејќи немавме бекап на податоците и требаше клиентите сами да си ги сменат username-от и password-от“, нагласува Ивановски.

Но, дали тоа значи дека кога се започнува со инвестирање треба малку талент или сѐ е вештина, сѐ е знаење, и сѐ е нешто што се научува со тек на време? Ивановски посочува дека сѐ се учи, не се работи за талент овде, за инвестирање не треба нешто многу посебно, зависи за каков тип на инвестирање говориме.

„Ако збориме за пасивно инвестирање, каде што кои било наместо да става средства во банка ќе земе ќе ги стави во инвестициски фонд или во некоја компанија – за тоа не треба никакво знаење, може требаат само два – три часа учење за да станат јасни работите. Додека за активното инвестирање и за дневното тргување бара многу посветеност и многу енергија“, укажува Ивановски.

Тој вели дека самиот не знаел со неговите финансии како да располагам, бил навикнат платата што ќе ја зема целата да ја троши. Ако му се зголемува платата, начинот на живот го менувал – ќе возел поскапа кола, ќе живеел во поголем стан, ќе одел на поубав одмор итн.

„После извесно време сфатив дека тоа е погрешен начин и дека така сум во круг цело време. Главното правило кое што го сфатив на 30 години е дека треба средствата најпрвин да се инвестираат, па од средствата – од кои парите сами ќе прават пари, тогаш од тој дел да се троши. Првиот чекор, пред да се почне со инвестирање е да знаете зошто треба да почнете со инвестирање, прво да се научат сите тие работи, тука има ситници и основни работи кои јас доколку можам би ги ставил да се учат во основно или средно образование. Бидејќи сфаќам дека моите родители, ако ме учеле на тие работи сигурно уште поуспешен ќе бев сега. Јас размислував дека треба да правам нешто мојата плата да се зголемува и на тој начин да уживам повеќе во работа. Во суштина, работата е да инвестираме повеќе во дадени работи, тие средства да се оплодуваат и веќе од нив тогаш на еден начин да се почестиме“, потенцира Ивановски.

Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

Клучни зборови

  • New Biz
  • Иван Ивановски
  • поткаст
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk