Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Како настана главниот ден за шопинг во годината, популарниот „Црн петок“?

27 ное. 2020 г.·3 мин читање·2511 прегледи

Следете не на Viber

Секој ноември со нетрпение се чека „црниот петок“ со цел да се пласираат производи по пониски цени.

Сепак, малку се размислува за фактот дека потеклото на овој „празник на попустите“ не може да се поврзе со некоја весела прослава, напротив. „Црниот петок“ е главниот ден за шопинг во годината, кој потекнува од Соединетите држави, а се слави низ целиот свет.

Се карактеризира со подготвки денови порано за купување на стоки со големи попусти што ги нудат трговците во последниот петок во ноември.

Некои попусти се протегаат низ целиот викенд, а некои и цел ноември. И во последно време, овој ден во Америка е честопати обележан со масовни борби, честопати придружени со употреба на оружје. Колку и да звучи чудно, луѓето во тие моменти стануваат „подготвени на сè“, за да дојдат до ефтината стока.

Постојат неколку приказни и теории за потеклото на оваа „прослава“. Уште во 1863 година, тогашниот американски претседател Абрахам Линколн го основаше Денот на благодарноста на последниот четврток во ноември. Во тоа време, петокот по Денот на благодарноста сè уште не беше познат како „Црн петок“. Една од теориите е дека терминот првпат бил употребен на 24 септември 1869 година, како резултат на падот на американскиот пазар на злато. Финансиерите на Волстрит,  Џеј Гол и Џим Фиск, работеа заедно за да купат што повеќе злато, а потоа да ги зголемат профитите со зголемувањето на цените. Фотографијата на табла во златната соба во Њујорк, на која се гледа падот на цената на златото, го симболизира чинот. Кога заговорот на Голд и Фиск бил откриен во петок, пазарот доживеал слободен пад и сите банкротираа, од банкари на Вол Стрит до земјоделци.

Друга популарна верзија за потеклото на „Црниот петок“ датира од 80-тите години на минатиот век. Во тоа време, трговците го користеа овој израз за да го одбележат денот кога „завршуваат во црно“, односно за да остварат профит, бидејќи луѓето трошат повеќе пари на попусти.

Постои и теорија дека терминот потекнува од денот по Денот на благодарноста, кога трговците на робовите давале попуст.

Можеби најшироко прифатената теорија е дека овој израз е измислен од полицијата во Филаделфија. Овој ден тие го нарекоа „Црн петок“ поради хаосот и сообраќајните проблеми следниот ден по Денот на благодарноста. Продажбата на Божиќ и Нова Година традиционално започна на тој ден, па полицијата имала најмногу работа.

Клучни зборови

  • Black Friday
  • попусти
  • празник
  • црн петок
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk