Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски ФондовиФинансии

Како Македонија може да го запре одливот на мозоци?

13 јун. 2025 г.·6 мин читање·4548 прегледи

Следете не на Viber

Гледано не само на долг, туку и на среден рок, нашиот пензиски систем се соочува со влошени демографски проекции, предизвик кој бара стратешки и натпартиски пристап. Ваквата реалност води кон неизбежниот заклучок дека за посигурни пензионерски денови штедењето во доброволен пензиски фонд станува неопходност.

Еден од факторите за влошената демографска слика е секако одливот на населението. Одливот на мозоци не е само демографски, туку и економски и национален проблем. Р.С. Македонија мора итно да преземе системски мерки за да ги задржи младите – преку создавање услови тие да ја гледаат својата иднина овде, а не во странство.

Во изминатите децении, Р.С. Македонија изгуби значителен број млади и образовани граѓани. Одливот на мозоци не е само лична одлука и нема само резултати само на индивидуално ниво – тој има длабоки економски, социјални и стратешки последици. Секој млад човек кој ја напушта државата, го носи со себе не само својот потенцијал, туку и инвестицијата која државата ја направила во неговото детство и образование.

Кога едно дете ќе се роди, државата веднаш почнува да вложува во неговиот раст, здравје, образование и социјален развој. Овие вложувања не се само морална обврска на државата – тие се и економска инвестиција со конкретна вредност.

Р.С. Македонија вложува помеѓу 17.000 и 26.000 евра по дете до неговата полнолетност – преку образование, здравство, социјални услуги и субвенции. Но, кога тоа дете по средно или високо образование ќе замине во странство – нашата држава всушност ја „почестува“ друга држава со целосно подготвен и образован граѓанин. Таму тие „деца“ кои во меѓувреме станале возрасни луѓе ќе плаќаат даноци, ќе трошат пари, ќе основаат семејства и ќе ја јакнат туѓата држава – со македонска инвестиција. Секое „дете“ што ќе замине во странство ја носи со себе и оваа инвестиција, без поврат во општеството каде што израснал и се формирал како личност.

Колку е поголем одливот – толку е поголема и економската загуба. Ова значи дека кога една личност по средно или високо образование заминува од земјата – државата губи десетици илјади евра, без поврат на инвестицијата преку даноци, иновации или општествен придонес.Пример: ако само 1.000 млади лица годишно заминат на студии или работа во странство, тоа значи: 17–26 милиони евра државна инвестиција која ѝ се подарува на туѓа економија.

Табела 1. Апроксимативни пресметки за трошокот кој го издвојува државата по дете до полнолетство

Ова е не само демографска и социјална загуба – туку и директна финансиска дупка која го поткопува развојот на самата држава. Со оваа појава губиме потенцијални даночни обврзници и млади професионалци (идни лекари, инженери, наставници и претприемачи) и уште многу позначајно од аспект на општеството, губиме родители кои би формирале семејства и нови генерации тука.

Одливот на млади и талентирани луѓе е еден од најголемите предизвици со кои се соочува земјава. Секоја личност која заминува во странство не претставува само загубен човечки потенцијал, туку и изгубена државна инвестиција. Главните причини за оваа појава се: ниските плати и недостиг на кариерни можности, корупција, непотизам и недоверба во институциите, недоволна поддршка за претприемништво и иновации како и недоволен квалитет на живот и јавни услуги.

Решенија: Како да ги задржиме младите? Што може да се направи, дали е се изгубено?

Доколку го вклучиме и периодот по средно образование – државната инвестиција може да достигне и 35.000 – 40.000 евра по лице. Но, бесцелно е да се зборува и пресметува доколку не се размислува за долгорочни системски решенија. Она што е потребно се системски решенија, кои ќе создадат мотивација за останување, а не само патриотска порака. Со системски решенија кои е потребно добро да се осмислат можеме да дојдеме до:

1. Подобрување на економските можности

  • Зголемување на платите, особено во стратешки сектори (ИТ, медицина, инженерство).
  • Поттикнување на стартапи и иновативни мали бизниси преку финансиска и менторска поддршка.
  • Регионален развој: повеќе можности и надвор од Скопје.

2. Модернизација на образованието

  • Подобро усогласување со потребите на пазарот на труд.
  • Промоција на дуално образование (учење + пракса).
  • Поддршка за истражување и развој во високо образование.

3. Вклучување на дијаспората

  • Стимули за враќање (ослободување од данок, старт-ап грантови).
  • Креирање мрежи за соработка со македонски професионалци во странство.

4. Зајакнување на институциите

  • Воведување на транспарентни и фер системи за вработување и напредување.
  • Борба против корупција и фаворизирање.

5. Подобрување на квалитетот на живот

  • Подобро здравство, сообраќај, урбанизам и јавни услуги.
  • Повеќе културни, спортски и рекреативни содржини за млади.

Од инвестиција до партнерство со големите компании и банките

Сепак, со цел да останеме фокусирани на конкретниот предлог што следува – се задржуваме на клучниот момент кога младите се соочуваат со избор да заминат на студии и работа во странство, или да останат во земјава и да започнат да придонесуваат тука. Можеме да добиеме, ако инвестицијата не заврши со средното образование – туку се трансформира во партнерство со младите односно ако создадеме механизми што ќе им понудат на младите реални причини да останат и да се развиваат дома.

Големите компании и банките можат (и треба) да играат клучна улога во спречување на одливот на млади луѓе од Р.С. Македонија. Еве како:

Улогата на големите компании и банки

1. Создавање квалитетни работни места

  • Инвестирање во човечки капитал преку подобри плати, обуки и кариерни патеки.
  • Вработување на млади таленти без барање „5 години искуство“.
  • Развој на програми за платена пракса и менторство.

2. Соработка со образовни институции

  • Воведување на дуално образование – каде што учениците дел од времето учат, а дел од времето работат во компанија.
  • Поддршка на факултети и средни училишта преку:
    • Гостински предавачи од индустријата.
    • Донации на опрема или стипендии.
    • Заеднички истражувачки проекти.

3. Финансиска поддршка за стартапи и иновации

  • Банки и корпорации можат да креираат фондови за млади претприемачи.
  • Партнерства со инкубатори, акцелератори и технолошки паркови.

4. Социјална одговорност и заеднички иницијативи

  • Програми за заедницата: културни настани, волонтерски активности, еко-иницијативи – сето тоа создава чувство на припадност кај младите.
  • Поддршка на локални проекти кои ја подобруваат урбаната средина, јавниот превоз или дигиталната инфраструктура.

5. Модел за фер и транспарентна работна култура

  • Примена на меритократија и еднакви шанси.
  • Јасни и фер процеси за регрутација и унапредување.
  • Поттикнување на повратници од странство со конкретни понуди за работа.

Зошто тоа им одговара и на компаниите?

  • Помал одлив на кадар: Наместо да бараат таленти во странство, ќе имаат пристап до обучени и мотивирани млади дома.
  • Подобра репутација: Компаниите што инвестираат во заедницата добиваат поголема лојалност и доверба.
  • Поголема продуктивност: Задоволни и мотивирани вработени создаваат повеќе вредност.
  • Партнер на државата: Компаниите стануваат активен чинител во долгорочниот развој на Р.С. Македонија.

Извор: Блог портал: НикогашСами

Клучни зборови

  • д-р Петар Талески
  • економска инвестиција
  • пензиски фонд
  • Сава пензиско друштво
  • штедење
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk