Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Како всушност функционираат ски-центрите

9 јан. 2022 г.·4 мин читање·1882 прегледи

Следете не на Viber

Мораме да потсетиме дека условите на планината често се сурови, ветер, снег, мраз, магла… па во оваа прилика сакаме да ви ги доближиме ситните детали и причините зошто нешто е како што е на теренот.

Ски-центар е сложена организација составена од неколку единици кои го сочинуваат системот, системот мора да функционира така што сите се задоволни и гостите и самиот ски-центар. Кога системот откажува, тоа значи една алка во синџирот не работи, и има премногу причини за откажување на системот, од временските услови и ситуацијата на теренот до човечкиот фактор (работници или корисници на системот).

Мерино светот Woolona.mk

За да се зборува воопшто за скијање, треба да стекнете некои предуслови, соодветни временски услови, природен снег или минус со полни акумулации за да може да се прави снег. За да може безбедно да биде пуштена во употреба, ски патеките треба да имаат барем 30 cm набиен снег или околу 80 cm растресит снег, тоа во современите центри го контролираат редарите и шефот на ски патеките. Ратраците работат ноќе или рано наутро на натапкување на снегот и ја спремаат стазата, стазата се обележува со знаци, мрежи за забавување од пад…

woolona_mk

Кога патеката е подготвена, може да започне скијањето. Инсталациите (појас, лифт за влечење, четвороседи и гондола) во текот на летото и есента според протоколот на производителот мора да се сервисираат, проверат детално, опширно, секоја завртка и опрема. За сервисирање се задолжени жичничари, тие се оние тивки херои во ЖОЛТИ елеци кои стојат на појдовните и излезните станици и кои учтиво на сите им посакуваат добро утро и пријатен ден и секогаш се подготвени да одговорат на секое прашање.

Редарите се тие што се задолжени за редот и безбедноста на патеките, тие се во ПОРТОКАЛОВИ елеци, по цел ден крстарат на лошо и убаво време и ги коригираат недостатоците и го забележуваат проблемот на стазите.

Самиот систем за правење снег е екстремно голем и скап процес од електрани до мобилни и статични снежни топови, овие момци работат само ноќе, тие се невидливи, работат во големата бучава и секакви услови, при возење на машините и во мраз, магла и ветер. СЕКОЈ МОРА да прави поправки на сите машини, апарати, жичарници за да може СИСТЕМОТ да функционира беспрекорно.

Кога работниците ќе дојдат на своите работни места во раните утринските часови, често има услови на ветер, мраз и магла, се проверува сѐ, се отстранува мразот од седиштата и столбовите, се започнува пробна работа, за тоа време ски патролите ја проверуваат трасата бидејќи често помеѓу работата на ратраците и почетокот на работата на стазата може да дојде до наноси на стазата, потоа се повикуваат ратраци да ги отстранат наносите од патеката, што може да предизвика доцнење, исто и со мразот на сајлите и жичарите кои треба да се отстрани, да се исчистат сензорите за мерење на брзината на ветрот.

Дури после сите овие „ситници“ невидливи за нас скијачите, кога е совршено безбедно од сите аспекти, откако ќе ги добие сите информации и проверки , шeфот на ски патеките го става во функција ски-центарот .

  • ветерот е силен и сензорите предупредуваат на опасност;
  • магла и безбедноста на патеките е загрозена;
  • нема една фаза на електрична енергија и е невозможно да се стартува системот;
  • нови снежни наноси на патеките по претходната работа на ратракот;
  • навевите на појдовните или излезните станици се преголеми и ратракот мора да ги отстранува;
  • патеката е премногу тврда или премногу мека (зависи од временските услови).

Запомнете дека кога одите на одмор и таму е врнежливо, келнерот не е виновен. Насмејте им се на луѓето и кажете им добро утро, тие не ја одредуваат цената на билетот и тоа како работи скијалиштето, тоа го прават некои други.

Најголем дел од овие работници, извршители на ски-центарот се сезонски работници, кои работат со договор за привремени работни места. Работат во екстремни услови, често носат дотраени униформи, обувки и облека, немаат топол оброк, немаат годишен одмор, немаат право на боледување, а од нив се бара  „Самурајски кодекс“. Размислете за тоа.

Текстот го подготви редакцијата на Skimacedonia.mk

Клучни зборови

  • ски центри
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk