Во континуитет од почетокот на декември 2019 година, па се до денес, активен е период во кој властите ширум светот се во постојан обид да најдат комбинација на мерки кои ќе го штитат здравјето на лугето, а во меѓувреме истите да го намалат економскиот ефект од вирусот. Од досегашните анализи може да се заклучи дека соодветна комбинација сеуште не е имплементирана, а најверојатна таква и не постои. Во една таква ситуација секторот со франшизи, кој многу малку е застапен во нашата економија, а е доста битен на меѓународна сцена ја покажа својата отпорност и прилагодливост на новонастанатата ситуација и може да биде водилка за многу други економски сегменти.
Пазарот со франшизи е најмногу распространет во развиените економии и во земјите во развој, кој како комерцијално-социјален модел има бројни ефекти врз нивото на вработеност, економска модернизација, развој на претприемништво и сл. Во најразвиените држави бројот на франшизни брендови достиг…