Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Поткаст

КАКО ДА ГО ЗАДРЖИМЕ МОЗОКОТ ВО МАКЕДОНИЈА? – Боро Јакимовски за „Каде се парите?“

31 мај 2025 г.·2 мин читање·1753 прегледи

Следете не на Viber

Младите инженери и истражувачи од Македонија секоја година заминуваат во странство, носејќи со себе знаење и талент кои се непроценливи за домашната економија. Боро Јакимовски, декан на ФИНКИ, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ зборува за тоа како вложувањето во наука и истражување може да ги задржи младите таленти дома и што точно треба да промени Македонија во својот пристап кон науката. Јакимовски вели дека моментално многу од најдобрите студенти заминуваат во странство, каде што докторските студии се третираат како вистинска работа, со плата и услови. Тие таму се платени истражувачи. Затоа би морало да се промени концептот на докторски студии и кај нас.

„Дефинитивно мора да се смени. Ете сега, како што кажавте, веќе се појавија научни проекти, тоа најчесто во тие држави оди преку научни проекти каде што истражувач кој што е вработен со постна позиција аплицира и кажува дека за тоа и тоа истражување му требаат двајца млади истражувачи кои што со парите од проектот ќе им плати, нема да се земе за себе, ќе плати плата на млади истражувачи да истражуваат на проектот.

Тоа генерира многу трудови со импакт фактор кои го подигаат рејтингот на универзитетите и така натаму. Така што многукратно ќе бидат бенефитите. Едно ќе се задржат младите, второ, ќе се мотивираат и ќе се развие индустријата на крајот на краиштата.“

Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.

Сите содржини се бесплатни, а реализирањето е потпомогнато од пријателите на „Каде се парите? со Горан Теменугов“ кои препознаа дека со поддршката на еден ваков проект се засилува одбраната на јавниот интерес и можноста сите чинители во општеството да имаат можност да одговорат, но и да дебатираат за сите актуелни и релевантни прашања.

Клучни зборови

  • Боро Јакимовски
  • ит
  • каде се парите
  • ФИНКИ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk