Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Како да го испланирате вашето патување, за безгрижно истражување на дестинацијата

30 јан. 2024 г.·3 мин читање·3512 прегледи

Следете не на Viber

Во светот во кој патувањата станаа составен дел од нашите животи, планирањето на совршен одмор никогаш не било поважно. Темелното истражување на вашата следна дестинација може да придонесе за безгрижно и пријатно запознавање на вашата посакувана локација. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат ефикасно да го испланирате вашето патување:

Поставете цел и буџет за патувањето: Определете буџет за вашиот одмор и користете кредитна картичка како алатка за следење на трошоците. Со редовно прегледување на изводите на картичката, можете да го следите вашето трошење и да се осигурате дека ќе останете во рамките на вашиот буџет.

Истражете ја вашата дестинација: Дознајте за нејзините главни атракции, историја, култура, кујна и локални обичаи. Читајте препораки и искуства од други патници за да стекнете вредни сознанија.

Размислете за временскиот период на патувањето: Избегнувајте патување во време кога може да има екстремни временски услови или преполни туристички места.

Изберете удобно сместување и транспорт: Сместувањето е можеби и најважниот дел од патувањето. Направете резервации однапред за да обезбедите подобри цени.

Халкбанк во својата палета на платежни картички ја додаде и Visa Travel. Се работи за кредитна платежна картичка наменета за сите клиенти кои се во редовен работен однос, приматели и неприматели на плата/пензија на кои им се одобрува кредитен лимит согласно нивната кредитоспособност, а кредитниот лимит изнесува до максимум 300.000 денари.

Оваа картичка e особено наменета за клиенти кои често патуваат или сакаат да патуваат низ Европа со автомобил. Со Visa Travel корисникот добива бенефиции како Халк асистенција на пат од Халк осигурување АД Скопје, бесплатно патничко осигурување со покритие од 10 дена за првата година, како и 10% намалување на цените на сите полиси за доброволно осигурување преку Халк осигурување АД Скопје.

На корисникот му следува и пристап до Drive Angel – мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа.

Корисникот на Visa Travel може да ги ужива и поволностите како плаќање на рати без камата и собирање бонус поени кај одредени трговци и користење на истите при секојдневните пазарувања на ПОС терминалите на Халкбанк АД Скопје. Покрај тоа, ако со Visa Travel картичката се направи резервација на Booking.com преку линкот наведен на веб-страницата на Халкбанк, 60 дена по  успешно реализираниот престој,  4% од платениот износ ќе биде рефундиран на трансакциската сметка која е поврзана со картичката.

Клучни зборови

  • Visa Travel
  • Халкбанк АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk