Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Лични Финансии

Како да ги искористите социјалните ситуации за да инвестирате паметно

27 апр. 2020 г.·3 мин читање·101 прегледи

Следете не на Viber

На секого од нас му е познато тоа. Си поминувате убаво со некој ваш пријател и одеднаш темата за претвара во дискусија за инвестиции. 

Се чувствувате како да не разбирате доволно за инвестирање и не сакате да звучите глупаво пред пријателите.

Дали знаете дека од 10 жени, 8 не инвестираат, а три четвртини велат дека тоа е затоа што сметаат дека инвестирањето е збунувачко? Ова значи дека жените недостасуваат не само на разговорите за вечера, туку и на нешто многу поважно: Финансиските придобивки од инвестициите .

Иако може да изгледа огромна тема, жените не треба да се плашат кога станува збор за инвестирање. Колку побрзо ќе започнете, толку помалку непознат ќе ви изгледа светот на инвестирање. 

Она што можеби ќе го чуете: Мислам дека ова е пазар на бикови, или можеби е пазар на мечка. Односно пазар на раст, кога сите се осеќаат оптимистички за растот на акциите, или пазар кога сите се осеќаат песимистички, респективно.

Ако берзата расте, целата вредност на пазарот расте, тоа е она што е познато како „пазар на бикови“ (се мисли на енергичен бик). Тие што мислат дека пазарот ќе се промени, а акциите ќе се движат во тренд на намалување, е она што е познато како „пазар на мечки“ (се мисли на заспаната мечка која што е во зимски сон – ни укажува на тоа дека треба да бидеме пасивни односно да не превземаме акција).

Тоа што е важно да се напомене е дека, без разлика дали сме на пазарот на бикови или мечки, кога инвестирате, инвестирајте долгорочно. Додека акциите можат краткорочно да одат нагоре и надолу, тие историски се зголемуваат во вредност на долг рок.

Искористете го тоа со систематски придонес кон вашите долгорочни инвестиции на редовна основа, без оглед дали нивната вредност се зголемува или спушта на краток рок. 

Ако во одредени ситуации наслушнете дека некоја компанија ќе има иницијална понуда на пазарот, бидејки станува збор за атрактивна нова компанија која ветува многу, најбезбедно би било да почекате прво таа да оствари приходи. Многу попаметно е да ја судите вредноста на една компанија врз база на поранешен перформанс отколку да се обидувате да погодите колку ќе оствари во иднина во ситуација коа таа воопшто не остварила приход. 

Во секој случај, купувањето поединечни акции е ризично. За почетниците инвеститори, побезбеден начин за започнување е да купувате индекс фондови, што ќе ви овозможи да поседувате делови од многу акции одеднаш. Ако имате широко разновидно портфолио, тоа го намалува ризикот кога индивидуалните акции ќе ги поминат своите редовни подеми и падови.

Клучни зборови

  • акции
  • Берза
  • вреднување
  • жени инвеститори
  • инвестирање
  • хартии од вредност
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk