Во поткастот „Каде се парите?“ на електронскиот медиум pari.com.mk, чии учесници беа Никола Мемов, директор на Фондот за ПИО и проф. д-р Лазар Јовевски, советник на премиерот за труд и социјална политика, беа изнесени ставови во врска со линеарното зголемување на пензиите со кои:
се создава впечаток дека законското усогласување е политичко дискрециона одлука, а не строго нормативна категорија;
се врши претходно влијание врз јавноста и индиректно врз Уставниот суд, преку тврдења дека „нѐ очекува одлука за неуставност“ и дека решението е „апсолутно правично и праведно“.
Од тие причини, изнесените ставови, иако легитимни како политички или лични мислења, заслужуваат дополнително појаснување во интерес на јавноста и правната сигурност.
1. За тврдењето дека зголемувањето на пензиите е „политичка одлука“ и изборно ветување
Неспорно е дека Владата, како носител на извршната власт, има политички простор да предлага политики во областа на социјалната заштита. Меѓутоа, политичката природа на една одлука не ја иззема од уставно-правна контрола.
Во уставен систем заснован на владеење на правото:
секое законско решение мора да има легитимна цел,
да биде рационално и оправдано, и
да биде пропорционално во однос на средствата што ги користи.
Фактот дека мерката произлегува од изборно ветување не може да биде аргумент за нејзина уставност. Напротив, Уставот претставува лимит на политичката волја, а не нејзина последица.
2. За изнесените ставови: „вкупниот буџет за пензии е ист“, „сите добиваат линеарно 1.000 денари“, „ова усогласување е помеѓу 4 и 5%“
Тие се суштински проблематични, затоа што:
Законот за ПИО не предвидува усогласување со „вкупен буџет“ или со „линеарна сума“, туку со јасно утврден модел со формула (процентуално усогласување врз основа на раст на трошоците на живот и/или плати);
„ист буџет“ ≠ „ист правен третман“;
линеарното зголемување по дефиниција има различен ефект врз различни пензии, што е спротивно на логиката на усогласување како заштита на реалната вредност на пензијата.
3. За тезата дека „пензискиот систем не е економска категорија“
Таа е правно нео…