Во време кога секојдневието на граѓаните долг период е оптоварено со висока инфлација и зголемени трошоци, граѓаните често ги гледаат потрошувачките и станбените кредити како решение за своите сè поскапи потреби и желби. Покрај задолжувањето како момент, се истакнува и прашањето на висината на каматните стапки. Податоците и очекувањата на централните банки ширум Европа недвосмислено покажуваат континуиран раст на побарувачката за кредити од страна на населението.
Дали каматните стапки одат во прилог на зголемениот интерес на граѓаните? Интересот на граѓаните во земјите од Регионот може да биде поттикнат и од актуелните барања и мерки на гувернерите на регионалните централни банки за намалување на провизиите и каматите од страна на деловните банки.
Имајќи го предвид овој контекст, Пари направи анализа и споредба на нивото на просечните каматни стапки на потрошувачките и на станбените кредити во Македонија и во европските земји, и дојдовме до заклучок дека каматните стапки во Македонија мо…