К-15 ќе мора да се исплати за време на пандемијата. Еве колку ќе изнесува
Trajko1 мин читање

Оваа година регресот за годишен одмор ќе биде во износ од минимални 10.884 денари.
Пресметите се прават според 40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци или 40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината.
За работодавците кои нема да дадат К-15 или пак ќе го побараат назад од вработените, следат големи казни, до 4.000 евра.