Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Јубилеј кој говори за успешна одржливост – РАДЕ КОНЧАР сервис бележи 75 години постоење

29 сеп. 2023 г.·2 мин читање·564 прегледи

Следете не на Viber

Три четвртини век во кој се преживува единствено поради подготвеноста за трансформација, решителноста за трајност и негување на традицијата. Тоа е успешната приказна за 75 години традиција во постоењето, со што ретко која компанија може да се пофали

Неколку пати трансформирана, надградувана и стратешки ре-позиционирана, Раде Кончар Сервис успеа да одолее на сите премрежија и да остане на врвот во својата дејност.

Раде Кончар Сервис која е и активна членка во Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора, денес бележи 75 години постоење и претставува национален лидер кога станува збор за производство и сервисирање на трансформатори. Раде Кончар Сервис е единствена компанија на Балканот и пошироко која поседува постројка за деконтаминација на трансформатори контаминирани со ПХБ. За оваа дејност е наградувана во европски рамки поради огромниот еколошки придонес.

“Испорака на стандарден квалитет, подготвеност за адаптирање на потребите на пазарот, и секако вложување во човечкиот капитал се основа на кои ја темелиме нашата компанија, преку која ја градиме и неjзината иднина”, истакна Владанка Трајкоска, директор на Раде Кончар Сервис.

Иднината на Раде Кончар Сервис е во непрекинатото подобрување на квалитетот и ефикасноста на производствениот процес за зголемување на постоечките капацитети, како и во инвестиции во нови технологии, автоматизација и роботика. Притоа, континуирано се работи на подигнување на нивото на производство на трансформаторите, чија моментална примена се наоѓа во фотоволтаични и хидро централи, индустријата, градежништвото, европските дистрибутивни мрежи. Целта се светските пазари со повисоки перформанси, енергетска ефикасност и еколошка издржливост.

 

 

Клучни зборови

  • 75 години
  • раде кончар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk