Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јовановски: Лебот треба да има пазарна цена, а државата да ги помага само социјално загрозените семејствата

21 мар. 2023 г.·2 мин читање·1900 прегледи

Следете не на Viber

Замрзнувањето на цените не е пазарно решение, а товарот на кризата не смее да го носи само една индустрија, туку да се распредели врз грбот на сите по малку. Државата може да интервенира во време на криза, но треба да дава финансиска помош само на семејствата на кои им е потребна. Замрзнатата цена на лебот ја користат и тие што немаат пари и оние кои можат да платат пет пати поскап леб. Зошто и ним да им е достапен лебот со субвенционирана цена, праша Зоран Јовановски, потпретседател и советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Македонија за макроекономски прашања и јавни финансии.

Според него, има решение – цената треба да е пазарна, произлезена од понудата и од побарувачката. „Финансиска помош да даде државата на ниво на семејство, не на поединец. Тоа семејство ќе купува леб по замрзната цена, а сите други ќе си плаќаат пазарна цена. Кога цената е пазарна, и тој што го произведува брашното, и пекарот и трговецот, сите во ланецот, нормално ќе се однесуваат. Дали е обврска на пекарот, млекарот или некој друг од прехранбената индустрија да се грижи за социјалниот статус на граѓаните? Ако сум јас пекар, дали е мое јас да се грижам за социјалниот статус? Дали јас функционирам во пазарна економија? Тоа е клучното прашање. Ако да, зошто тоа да биде само на тие што се во прехранбената индустрија? Зошто таа обврска да не важи и за некоја друга индустрија?“

Јовановски смета, доколку би биле координирана пазарна економија, тогаш „би седнале, би се договориле и би се организирале во општеството, па товарот ќе падне малку на сите“.

Зоран Јовановски е првиот со кој во Стопанската комора започна циклусот на месечни обраќања на експерти и на бизнисмени на актуелни теми. Тој говореше на темата „Каква пазарна економија сакаме“.

Клучни зборови

  • замрзнати цени
  • леб
  • Стопанска комора на Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk