Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Јовановиќ: „Викенд без ДДВ“ е многу лоша мерка по повеќе основи

18 мај 2020 г.·2 мин читање·138 прегледи

Следете не на Viber

Бранимир Јовановиќ, поранешен советникот на претходниот министер за финансии на својот Фејсбук профил ја искритикува новата мерка на Владата за викенд без ДДВ за сите граѓани.

Тој предупредува дека со оваа мерка постои опасност да се рашири вирусот, ќе доведе до пад на буџетот, а најмногу корист ќе имаат богатите.

„Викенд без ДДВ е многу лоша мерка, по повеќе основи.

  1. Таа ќе направи ужасни гужви по продавниците, што може многу да го рашири вирусот.
  2. Мерката ќе доведе и до значаен пад на буџетските приходи, зашто луѓето купувањето на многу производи ќе го одложат за тој викенд кога нема да се плаќа данок.
  3. Од мерката многу повеќе корист ќе имаат побогатите, тие ќе ја искористат за да си купат поскапи производи без данок.
  4. Мерката ќе доведе и до легализација на даночната евазија, односно ќе им овозможи на фирмите прометот кој не го пријавиле претходните месеци да си го пријават тој викенд без да платат данок.”– вели Јовановиќ во објавата на својот Фејсбук профил.

Сме ја дискутирале меркава уште јас кога бев во Министерството, и тогаш успеавме да ги разубедиме останатите од Влада да отстапат од неа. Се надевам ќе отстапат и сега, бидејќи сега штетата би била уште поголема.

https://www.facebook.com/brantscho/posts/10157282914477078

Клучни зборови

  • Бранимир Јовановиќ
  • викенд без ддв
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk