Јованка Јолеска Поповска со нов мандат во Надзорниот одбор на ПроКредит банка
Маја Анастасова1 мин читање
Во наредните четири години Јованка Јолеска Поповска ќе ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на ПроКредит банка. За нејзиното реименување издадено е решение за претходна согласност од Народната банка.
ПроКредит банка ја сподели оваа информација преку Македонска берза.
Во актуелниот состав на Надзорниот одбор членови се Јованка Јолеска Поповска, Кристиан Едгардо Дагроса – претседател, Дрис Нор, Ериола Биболи и независните членови Каспар Линус Бауман и Елена Наумовска.