Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисПоткаст

ЈОВАН ДИМИТРОВ ВО NEW BIZ PODCAST: Блокчеин технологијата може да ја обезбеди неопходната транспарентност и следливост низ синџирите за снабдување со храна

3 апр. 2025 г.·3 мин читање·2013 прегледи

Следете не на Viber

Блокчеин технологијата со голема брзина презема различни области во бизнисот. Колку компаниите ја користат оваа технологија и дали воопшто ја користат? Колку блокчеин технологијата е применлива во различните ланци на достава каде што е потребна доверливост на информацијата, особено во прехранбената индустрија? Во оваа епизода на New Biz Podcast, Наташа Велковска разговара со Јован Димитров експерт за дигитална трансформација од „Go Digital“ за тоа дека блокчеин технологијата може многу да им биде корисна на компаниите особено ако сакаат да ги шират операциите надвор од државава.

Димитров вели дека блокчеин технологијата може да ја обезбеди неопходната транспарентност и следливост низ синџирите за снабдување со храна.

Оние големи ланци на маркети со нивните supply chain-ови диктираат каква ќе биде технологијата и во тој случај мислам дека тие би биле двигател. Јас сметам дека е прекрасна технологија блокчеинот од транспаренсност на процесот. Ефикасно управуваните синџири за снабдување со храна може позитивно да влијаат на заедниците. На пример за применливост на вината, да се види од каде дошле, самата етикета е многу мал дел за да се опише цел производ и приказната, а знаеме дека приказната продава, и замислете вие да ја имате целокупната информација од каде дошло тоа грозје, како се ферментира. За сите производи може да се раскажат приказни и мислам дека што повеќе го применуваме ќе биде добро, меѓутоа ќе чекаме да го поткрене ова прашање веројатно некој од големиве ланци на маркети. Блокчејн технологијата може да ја обезбеди потребната транспарентност, следливост и приватност, како и координација меѓу различните страни, овозможувајќи поголем пристап до храната и подобрувања на квалитетот низ глобалниот синџир на снабдување“, објаснува Димитров.

КОНСУЛТАНТИ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ТРЕБА ДА ВОВЕДАТ СИТЕ КОМПАНИИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД НАЈМИКРО НИВО – Јован Димитров во New Biz Podcast

И од аспект на доверба е добро, раскажува тој, веројатно затоа што на тој начин се покажува дека не може производот да е фалсификат.

Дали треба и државата да го поставикако стратешка цел, начинот на којшто ќе се развиваме од аспект на дигитализација, какви се впечатоците, препознава ли државата можност за економски забрзан пред се економски развој преку фаќање на возот на вештачка интелигенција, блокчеин, Веб30?

„Го слушав неколку пати министерот за дигитална трансформација како вели што е наш голем проблем – а тоа е дека нашите институции се правени како дел од некој проект и кога ќе го споредиме системот имаме 15 различни институции со направени 15 различни технологии коишто меѓусебе не комуницираат. И тоа е голем проблем и мислам дека првенствено насоката нивна е да се направи да се обединат сите, што сметам дека е вистински чекор. Мислам дека првиот чекор на обединување, да се воспостави еден унифициран систем којшто ќе обезбеди услуги за граѓаните е правиот чекор“, раскажува Димитров.

ЈОВАН ДИМИТРОВ ВО NEW BIZ PODCAST: Како микро и малите бизниси можат успешно да се дигитализираат?

Разговорот го завршуваат со она за што и работи „Go Digital“ и која е целта – да покажат дека може компаниите дигитално да се трансформираат дека постојат успешни приказни и тоа да ги мотивира и сите останати, како и мотивирање и на ИКТ – компаниите и Владата, и донаторите.

Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

Клучни зборови

  • New Biz Podcast
  • Го Дигитал
  • Јован Димитров
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk