Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Јавниот сектор треба да биде високо на агендата на новото министерство поради предизвиците со кои се соочува

17 јул. 2024 г.·2 мин читање·1682 прегледи

Следете не на Viber

Подобрување на стандардите на вработените во јавниот сектор, поставување јасни цели и водење функционален социјален дијалог во интерес на вработените, проблемот со платите, дефицитарни кадри, градење партнерски однос со сите засегнати страни и отвореност за соработка со синдикатите за подобрување на јавната администрација се предизвиците со кои се соочуваат јавните институции и за кои мора да се најдат решенија за вработените да имаат подобри услови.

На оваа тема разговараа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, придружуван од Лиле Петрова, шеф на кабинетот, и министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Министерот Минчев изрази подготвеност за одржување на социјален дијалог и информираше дека како министерство се посветени на соработка со институциите, синдикатите и сите инволвирани страни со цел обезбедување и подобрување на стандардите на вработените во јавниот сектор.

Претседателот Трендафилов истакна дека почитувањето на колективните договори особено Гранскиот Колективен договор на УПОЗ и Општиот колективен договор за јавниот сектор треба да бидат високо на агендата на новото министерство, воедно ја изрази потребата од решевање на предизвиците по пат на социјален дијалог со потпишување на колективни договори.

Наедно, претседателот Трендафилов укажа на потребата од утврдување на коефициентите на сложеност за платите на вработените во јавниот сектор согласно методологијата утврдена во Општиот колективен договор со што и работниците во јавниот сектор ќе добијат пресметка на плата по методот по кој се пресметуваат функционерските плати, а тоа е просечна плата по коефициент на сложеност.

Претседателот на ССМ укажа дека единствено со колективен договор може да се изнајде решение за платите на дефицитарните кадри во јавниот сектор, за враќање на трошоците за храна и превоз, а за што ССМ и Синдикатот на УПОЗ имаат добри предлози.

На средбата се дискутираше за веќе повлечените законите за вработени во јавен сектор и законот за административни службеници од собраниска процедура, од причина што истите имаат суштински забелешки во однос на методологијата за пресметка на платите, почитување на општиот колективен договор за јавен сектор потпишан минатата година како и процентуално зголемување на платите во јавниот сектор и обезбедување на подобри услови за вработените во јавната администрација.

 

Клучни зборови

  • јавен сектор
  • кадри
  • предизвици
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk